На ден 09.12. 2021 година, се одржа онлајн состанок помеѓу Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, Продеканите и членството на Факултетското студентско собрание.

На состанокот се разговараше за тековните активности на ФСС, но беа договорени и нови меѓу кои и одбележување на јубилејот 45 години од формирање на Факултетот за безбедност.
Студентите се приоритет, и нивното вклучување во наставните и вон наставните активности продолжува и понатаму.
Факултетското студентско собрание и Факултетот за безбедност продолжуваат и во иднина со успешна соработка, успешно да ги реализираат планираните активности.