Безбедност 120 ЕКТС
На Факултетот за безбедност како високообразовна и научно-истражувачка институција во областа на безбедноста, криминалистиката, криминологијата, форензиката, безбедноста и финансиската контрола се спроведува високообразовна, научно-истражувачка и применувачка дејност, како и континуирано образование и обука.
Со реализирањето на современи студии, Факултетот за безбедност го осмислува до крај своето постоење, ја заокружува својата физиономија на наставно-научна и истражувачка институција од областа на безбедноста и др. со што ги оправдува општествените потреби за нејзиното основање.
Врз основа на резултатите од анализа на потребите на безбедносниот систем на Република Македонија и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимањата кои се актуелни и/или ќе бидат барани во иднина, актуелните студски програми оставаат простор за формулирање и воведување на нови програми и наставни целини структурирани начин кој ќе одговори на реалните пртреби за профилирање на високи кадри од областа на безбедноста.
Токму спецификацијата на дефицитарните занимања, односно расположливите можности за вработување, но и заработката, покрај напредокот во кариерата и личното задоволство од работата, се детерминирани основни критериуми при избор на понатамошното високо образование од страна идните студенти на сите циклуси, но и како референтна точка за идентификување на потребите за воведување на нови содржини во високото образование.
Основна идеја ни беше создавањето студиска програма во која место ќе најдат веќе афирмираните безбедносни појави и проблеми разработени низ посебни предметни програми, но истовремено и свежината на новите предметни програми, со вклучување на оние кои ги нема на сличните високообразовни иституции кај нас, а се среќаваат во соодветните високообразовни институции во светот; тоа би требало во иднина да биде препознатливост на студиската програма безбедност на Факултетот за безбедност во земјава и во странство.
Студиската програма по Безбедност на студентите им нуди можност за зголемување на нивните знаења во рамките на потесните насоки на безбедноста: Национална безбедност, разузнавање и контраразузнавање; Меѓународна безбедност и геополитика; Безбедност, право и полиција; Безбедност, тероризам и организиран криминал; Безбедносен менаџмент, креирање на јавни безбедносни политики и приватна безбедност.