Почетна/Студии/Втор Циклус/Безбедност и финансиска контрола

Безбедност и финансиска контрола

Насоката Безбедност и финансиска контрола ќе профилира кадри кои, во согласност со концептот на модерното универзитетско образование за непосредно поврзување на теоријата и практиката, ќе се стекнат со  знаења и вештини за:

  • современите општествено – економски развојни процеси и перспективи;
  • создавањето на капиталот по пат на експлатација на средствата и трудот и создавањето  добивка, профит;
  • менаџирање со материјалните и финансиските вредности, со акцент на нивната контрола;
  • општествените противречности, конфлкти и други облици на деструкции кои го дестабилизираат и рушат политичкиот, економскиот и финансискиот систем преку злоупотреба и различни видови на криминалитет и
  • формите и начините за превентивно и репресивно делување со цел попречување и сузбивање на споменатите појави.

Мисијата на студиите е  научно спознавање и обука во областа Безбедност и финансиска контрола со етаблирање на стандарди и нормативи на  Европскиот образовен систем.