Криминалистика
На Факултетот за безбедност како високообразовна и научно-истражувачка институција во областа на криминалистиката, безбедноста и заштитата, се спроведува високообразовна, научно-истражувачка и применувачка дејност, како и континуирано образование и обука. Со реализирањето на современи студии, Факултетот за безбедност го осмислува до крај своето постоење, ја заокружува својата физиономија на наставно-научна и истражувачка институција од областа на безбедноста и борбата против криминалитетот со што ги оправдува општествените потреби за нејзиното основање.
Основна цел на студиите (за стручно и научно усовршување – прв степен, и мастер – втор циклус на студии од областите на криминалистиката, е поставување на национален систем на образование што ќе биде конститутивен и компатибилен со меѓународно признатите стандарди во тие области.
Посебна цел на студиите е оспособување на високостручни и компетентни кадри за работа во институции и служби од соодветната област, како и научно-истражувачка и наставно-образовна работа во областа на криминалистичко-криминолошките и безбедносните науки.