Психолошко советувалиште

Во Македонија не постојат психолошки советувалишта каде студентите би можеле да се обратат за разговор и разрешување на своите интимни проблеми, освен во класичните психијатриски установи и приватна пракса. Тргнувајќи од недостапноста на овие услуги, Универзитетот „Св. Климетнт Охридски“ основа прво психолошко советувалиште за студенти во рамките на Универзитетскиот центар за кариера, доживотно учење и алумни КРЕДО, кое е бесплатно за нашите студенти.

Основната цел на советувалиштето е унапредување на менталното здравје на студентите преку развивање на здрави животни стилови, негување на отпорност, како и помагање во разрешување на актуелните и развојни проблеми.

Предноста на студентското советувалиште е што се наоѓа на самиот факултет/универзитет, каде што студентите секојдневно престојуваат, не се потребни никакви предуслови, услугите се бесплатни а тајноста на разговорите е загарантирана.

Активностите на Советувалиштето за студенти се одвиваат преку следните услуги:

  • Индивидуално психолошко советување;
  • Групно психолошко советување;
  • Психоедукативни работилници и предавања;
  • Работилници за развој на животни вештини;
  • Развој на едукативни материјали и материјали за самопомош;
  • Научно – истражувачка работа

Имате можност со стручна помош да научите:

  • Подобро да се справувате со стресот;
  • Да работите на своите емоции;
  • Да ја зголемите својата самодоверба;
  • Да ги подобрите своите односи со другите, вклучително и партнерските односи;
  • Да станете психолошки отпорни во тешките животни околности;
  • Да се ослободите од загриженоста;
  • Да научите да се релаксирате;
  • Да постигнете поголема среќа и задоволство во животот.

Советувалиштето може да го посетите во просториите на:

УКЛО Психолошко советувалиште на Факултетот за безбедност Скопје

Проф. д-р Драгана Батиќ,  e-mail: dbatic@yahoo.com

УКЛО Психолошко советувалиште во КРЕДО центарот во Битола, (простории во старата Касарна во објектот на Правниот Факултет Битола)

Виш пред. д-р Гордана Ристевска Димитровска, e-mail: gordana.ristevska@uklo.edu.mk

Психолошкото советувалиште при УКЛО пет години им помага на студентите