Безбедност

1. Цели на студиската програма
Општа цел на студиската програма е запознавање со современите сознанија во областа на науката за безбедноста и продлабочено усвојување на теоретските и истражувачките дострели, коишто на докторантите ќе им овозможат објективно, критичко и систематско следење и проучување на безбедносните појави и проблеми.

Профилирани цели на студиската програма се:
– усвојување на надградена методологија при истражување на појавите и процесите во областа на безбедноста,
– оспособување за креирање и самостојно реализирање на научно-истражувачки проекти,
– практично оспособување и усовршување за примена на соодветни постапки и методи при проучувањето на конкретни појави и процеси
– запознавање со етичките норми при практикувањето на научно-истражувачката работа.
Со оглед на тоа дека студиската програма е предвидено да се реализира, главно, со специфични припадни содржини, при нивното презентирање ќе бидат истакнати сопствените целни карактеристики од: методолошки аспект, персонално развојниот аспект, меѓународниот аспект , социјалниот аспект и др.

2. Години и семестри на траење на студиската програма
– 3 години – 6 семестри

3. ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот
Докторските студии траат три години (шест семестри) и притоа се остваруваат 180 европски кредити, односно 60 кредити во текот на една учебна година.

4. Степен на образование
– трет циклус академски докторски студии, ниво VIII