Факултетот за безбедност доби грант во рамки на Е+ КА171  програмата (индивидуална мобилност во високото образование со високо образовни институции од трети земји кои не се асоцирани во ЕРАЗМУС+ програмата), со Косовската академија за јавна безбедност.

АКАДЕМСКИ КАДРИ:

–          2 излезни мобилности за настава/обука во времетраење од 5 работни дена

Апликациите се испраќаат до ЕРАЗМУС + координаторот проф. Наташа Пеовска најдоцна до 31.03.2024 на natasa.peovska@uklo.edu.mk

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата

Врз основа на обновената Повелба за високо образование за периодот 2021-2027 (Erasmus Charter for Higher Education 2021-2027) и доставената апликација за учество во Програмата за мобилност, како и Правилникот за мобилност на универзитетите во земјата и странство

УКЛО објавува

ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата

КА131: Индивидуална мобилност за учење, Високо образование

Мобилност на ВОИ во програмски земји

За академската 2024/2025 УКЛО има на располагање:

ЛИНК

ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата

Врз основа на обновената Повелба за високо образование за периодот 2021-2027 (Erasmus Charter for Higher Education 2021-2027) и доставената апликација за учество во Програмата за мобилност,

УКЛО објавува

 ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата  

КА131: Индивидуална мобилност за учење, Високо образование 

Мобилност на ВОИ во програмски земји

За академската 2023/2024 УКЛО има на располагање:

 

– 12 мобилности х 5 месеци за мобилност на студенти за студирање (или вкупно 60 месеци)

– 8 мобилности х 3 месеци за мобилност на студенти за стажирање (или вкупно 24 месеци)

– 8 мобилности (х 5 дена) за наставен кадар за изведување настава

– 5 мобилности (х 5 дена) за наставен кадар за обука

Времетраење на мобилноста

  1. За студенти: семестар/година (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус студирање/стажирање/студирање+стажирање)
  2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерските институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

– редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус за мобилност за студирање/стажирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

– наставен и соработнички кадар во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (листа на потпишани интер-институционални договори)

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Пополнет формулар за пријавување (Student Application Form)
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV
  • Мотивациско писмо
  • Дополнително: Документ/потврда за познавање англиски или јазикот на институцијата каде што ќе се реализира мобилноста
  • Дополнително: Договор за студирање (Learning Agreement for studies) во којшто се утврдува студиската програма, периодот на реализација, потпишан од страна на студентот, на факултетскиот координатор и институционалниот координатор на матичната институција и од страна на партнерскиот универзитет (најмалку 20 ЕКТС) / Договор за стажирање (Learning Agreement for Traineeship)

Првичната селекција / рангирање на кандидатите ја прави факултгетот врз основа на академскиот успех, познавањето странски јазик и мотивацијата за учество во Програмата. Студентите ја поднесуваат апликацијата до Еразмус+ координаторот на матичниот факултет (листа на Е+ координатори), најдоцна до 13.03.2023, додека краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот на УКЛО е 20.03.2023.

Потребни документи за пријавување на кадри

По селекцијата, избраните кадри ќе треба да достават:

  • Потврда за редовен работен однос.
  • Договор за мобилност за наставен ангажман (Staff Mobility Agreement for Teaching) – потпишан од страна на кандидатот, факултетскиот и институционалниот Е+ координатор и одобрен и потпишан од страна на институцијата партнер / Договор за мобилност на кадри за обука (Staff Mobility Agreement for Training) – потпишан од страна на кандидатот, факултетскиот и институционалниот Е+ координатор и одобрен и потпишан од страна на институцијата партнер

Рангирањето на кандидатите од наставниот кадар ќе го прават единиците. Бројот на мобилности за кадар по единица ќе биде одреден во релација со бројот на излезни  и влезни мобилности (на студенти и кадар) на единицата, на овој и претходните повици.

Наставниот кадар ја поднесува online пријавата најдоцна до 13.03.2023, додека краен рок за рангирање на поднесените апликации од страна на единиците до Ректоратот на УКЛО е 20.03.2023.

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

 ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата

Врз основа на обновената Повелба за високо образование за периодот 2021-2027 (Erasmus Charter for Higher Education 2021-2027) и доставената апликација за учество во Програмата за мобилност,

УКЛО објавува

Дополнителен ПОВИК

за аплицирање за мобилност на СТУДЕНТИ во рамките на Е+ Програмата  

КА131: Индивидуална мобилност за учење, Високо образование  

Мобилност на ВОИ во програмски земји

 Академска 2022/2023

(САМО летен семестар)

– мобилност на студенти за студирање (SMS)

– мобилност на студенти за стажирање (SMP)

Времетраење на мобилноста

  1. Студенти за студирање: еден семестар (студентите имаат можност да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус) – на располагање се 40 месеци за распоредување со можност за реализација најдоцна до 31 октомври 2023
  2. Студенти за стажирање: во текот на летниот семестар и во летните месеци – на располагање се 16 месеци за распоредување со можност за реализација најдоцна до 31 октомври 2023

Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партенрските институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

– редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

Студентите се пријавуваат кај координаторите за Програмата на своите единици за мобилност на странските универзитети врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции.

Потребни документи за пријавување

  • Пополнета прелиминарна пријава
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV (Europass формат)
  • Мотивациско писмо
  • Документ/потврда за познавање англиски или јазикот на институцијата каде што ќе се реализира мобилноста
  • Договор за студирање (Learning Agreement for studies) во којшто се утврдува студиската програма, периодот на реализација, потпишан од страна на студентот, на факултетскиот координатор и институционалниот координатор на матичната институција и од страна на партнерскиот универзитет (најмалку 20 ЕКТС) / Договор за стажирање (Learning Agreement for Traineeship)

Сите документи се достапни кај факултетскиот координатор и во Канцеаларијата за меѓународна соработка во Ректоратот на УКЛО (список на факултетски координатори).

Првичната селекција / рангирање на кандидатите ја прави факултгетот врз основа на академскиот успех, познавањето странски јазик и мотивацијата за учество во Програмата.

Кандидатите ја поднесуваат апликацијата до Е+ координаторот на матичниот факултет, најдоцна до 28 октомври 2022 (петок), додека краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот на УКЛО е 31 октомври 2022 (понеделник) Краткиот рок за пријавите се должи на намалените можности за номинација на партнерските институции, па затоа е потребно да се насочуваат студентите да бираат мобилност на универзитети каде што номинациите се примаат од 15 ноември натаму.

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата

Врз основа на обновената Повелба за високо образование за периодот 2021-2027 (Erasmus Charter for Higher Education 2021-2027) и доставената апликација за учество во Програмата за мобилност,

УКЛО објавува

ВТОР ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата  

КА131: Индивидуална мобилност за учење, Високо образование  

Мобилност на ВОИ во програмски земји

Академска 2022/202(зимски семестар/ цела академска година)

– мобилност на студенти за студирање (SMS)

– мобилност на студенти за стажирање (SMP)

Времетраење на мобилноста

  1. Студенти за студирање: семестар / цела академска година (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус) – на располагање се 80 месеци за распоредување со можност за реализација најдоцна до 31 октомври 2023
  2. Студенти за стажирање: во текот на цел академска година – на располагање се 31 месеци за распоредување со можност за реализаицја најдоцна до 31 октомври 2023

Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партенрските институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

– редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

Студентите се пријавуваат кај координаторите за Програмата на своите единици за мобилност на странските универзитети врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции.

Потребни документи за пријавување

  • Пополнет формулар за пријавување (Student Application Form)
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV (Europass формат)
  • Мотивациско писмо
  • Документ/потврда за познавање англиски или јазикот на институцијата каде што ќе се реализира мобилноста
  • Договор за студирање (Learning Agreement for studies) во којшто се утврдува студиската програма, периодот на реализација, потпишан од страна на студентот, на факултетскиот координатор и институционалниот координатор на матичната институција и од страна на партнерскиот универзитет (најмалку 20 ЕКТС) / Договор за стажирање (Learning Agreement for Traineeship)

Сите документи се достапни на web страницата на УКЛО (www.uklo.edu.mk) во рубриката Меѓународна соработка / ERASMUS +.

Првичната селекција / рангирање на кандидатите ја прави факултгетот врз основа на академскиот успех, познавањето странски јазик и мотивацијата за учество во Програмата.

Кандидатите ја поднесуваат апликацијата до Е+ координаторот на матичниот факултет, најдоцна до 15 март 2022, додека краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот на УКЛО е 18 март 2022.

Почитувани студенти и наставници,

официјално е објавен  ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата КА131: Индивидуална мобилност за учење, Високо образование  Мобилност на ВОИ во програмски земји  Академска 2021/2022 (летен семестар)

– мобилност на студенти за студирање (SMS)

– мобилност на студенти за стажирање (SMP)

– мобилност на академски кадри за настава (ЅТА)

– мобилност на кадри за обука (ЅТТ)

Времетраење на мобилноста

 1. За студенти: семестар (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус)

2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

 За 2021/2022, мобилноста на студентите и кадрите треба да се планира само за летниот семестар на академската година.

 Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партенрските институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

 – редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

– академски и други кадри во редовен работен однос на УКЛО.

 Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (листа на потпишани интер-институционални договори).

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • Мотивациско писмо
  • Документ/потврда за познавање англиски или јазикот на институцијата каде што ќе се реализира мобилноста
  • Договор за студирање (Learning Agreement for studies) во којшто се утврдува студиската програма, периодот на реализација, потпишан од страна на студентот, на факултетскиот координатор и институционалниот координатор на матичната институција и од страна на партнерскиот универзитет (најмалку 20 ЕКТС) / Договор за стажирање (Learning Agreement for Traineeship)

Потребни документи за пријавување на кадри

  • Потврда за редовен работен однос
  • Договор за мобилност за наставен ангажман (Staff Mobility Agreement for Teaching) – потпишан од страна на кандидатот, факултетскиот и инститционалниот Е+ координатор и одобрен и потпишан од страна на институцијата партнер / Договор за мобилност на кадри за обука (Staff Mobility Agreement for Training) – потпишан од страна на кандидатот, факултетскиот и инститционалниот Е+ координатор и одобрен и потпишан од страна на институцијата партнер

Сите документи се достапни на web страницата на УКЛО (www.uklo.edu.mk) во рубриката Меѓународна соработка / ERASMUS +.

Првичната селекција / рангирање на кандидатите ја прави факултгетот врз основа на академскиот успех, познавањето странски јазик и мотивацијата за учество во Програмата. При одлучувањето за академскиот кадар, предност треба да имаат кандидатите коишто аплицираат за првпат и досега не користеле Е+ стипендија.

Кандидатите ја поднесуваат апликацијата (исклучиво за мобилност во текот на летниот семестар на академската 2021/2022) до Е+ координаторот на матичниот факултет (листа на Е+ координатори), најдоцна до 5 октомври 2021, додека краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот на УКЛО е 10 октомври 2021.