Криминологија и криминална политика
Студиската програма по Криминологија и криминална политика акцентот во апликативното и теориското проучување на криминалитетот го става на превенцијата на криминалитетот како еден од клучните предуслови за планирањето во процесот на креирање на криминалната политика од страна на надлежните институции од еда страна, но и во функција на планирање и спроведување на оперативните мерки за детектирање и откривање на криминалитетот од страна на надлежните безбедносни служби. Фактот што во студиската програма се изучуваат повеке научни дисциплини за превенцијата (превенција на социопатолошките појави, Превенција на конвенционалниот криминалитет, Превенција на современите облици на криминал, Девијантноста и социјалната контрола), зборува за суштинскиот пристап во образувањето и остручувањето на кадрите кои ќе се занимаваат со проучувањето, откривањето и сузбивањето на криминалитето.
Студиската програма Криминологија и криминална политика е препознатлива, односно е споредлива со повеќе студиски програми на високообразовни институции во земјите на Европската Унија што создава претпоставки и услови за мобилноста на студентите, како во текот на нивното студирање, така и во однос на можноста за нивно перспективно вработување во овие земји и нивните институции.
Студиската програма КРИМИНОЛОГИЈА И КРИМИНАЛНА ПОЛИТИКА е во траење од 4 години, односно 8 семестри.
Студентот со дипломирањето се стекнува со 240 ЕКТС кредити.
НОВА СТУДИСКА ПРОГРАМА – (2023 – 2027)
СТУДИСКА ПРОГРАМА – (2018 – 2022)
СТУДИСКА ПРОГРАМА – (2013 – 2017)
Решение за акредитација на студиската програма Криминологија и криминална политика – прв циклус студии
Решение за почеток со работа на студиската програма Криминологија и криминална политика – прв циклус студии
Водич за зимски и летен семестар за редовни и вонредни студенти на СП Криминологија и криминална политика.