Кризен менаџмент
Знаење и разбирање
- Високо специјализирано знаење кое е во полето на безбедносните и организационите науки со посебен осврт кон кризниот менаџмент;
- База на оригинално мислење или истражување:
- Подигање на критичка свест за знаењето во полето на безбедноста/кризен менаџмент
- Покажува знаење и разбирање за научното поле и областите на безбедноста кое се надградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во изнаоѓањето или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето; може да дефинира појави и процеси од областите на управувањето со кризи и безбедноста; да ги сумира резултатите од истражуваните појави и процеси; да ги препознава појавните облици и согласно тоа да го подготвува и пишува планот за спротивставување на таа појава и процес; да може да ги репродуцира добиените информации и податоци и да пишува извештаи за безбедносни и кризни појави и процеси, да може да ги класифицира разузнавачките информации, да ги илустрира разузнавачките информации преку различни модели на безбедносна соработка, прикажување заради добивање на систематичност во воспоставената комуникација на соодветното ниво.
- Покажува способност за употреба на проширено и продлабочено знаење и покажува високо ниво на професионална компетентност во областа на безбедноста.
- Високо ниво на знаење од областа управување со кризи и безбедноста, вклучително детални знаења за пооделните функциии и нивната примена во реални ситуации.
- Знае и разбира како кризниот менаџмент е поврзан со стратегијата за безбедност и општо безбедносните политики. Знае да направи екстерна и интерна стратегиска евалуација и да креира стратегија за управување со кризи што ќе придонесе за целосната безбедносна политика.
- Разбира и може да примени методологии соодветни за решавање сложени проблеми во безбедносните системи од аспект на кризниот менаџмент, стратегиски менаџмент, оперативен менаџмент,менаџмент на квалитет.
- Поседува систематизирано знаење, за областа управување со кризи, како и со другите поврзани предметни области од безбедносните науки, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и примената на автономни идеи во контекст на истражувањето на областа кризниот менаџмент.
- Поседува знаење од безбедносните науки и специфично од областа кризниот менаџмент кое се базирано на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.
- Знае да креира емпириско истражување со соодветна употреба на методологија и има познавање на сите фази на истражувачкиот процес (подготовка, реализација, толкување на резултатите и пишување на истражувачки извештај)
Примена на знаењето и разбирањето
Вештини специјализирани за разрешување на проблеми, кои се потребни при истражување или иновација за да се изгради ново знаење или процедури и да се интегрира знаењето од различни области.
- Способност за критичко, независно и креативно решавање на проблеми во нови, непознати услови и во мултидисциплинарен контекст, но сепак во доменот на безбедносните науки, како и за реализација на независно истражување во истите области; да ги толкува безбедносните појави и процеси од кризниот менаџмент, да ги предвидува методите, средствата и начините на реализацијата на загрозувањето на интегралната безбедност од различни поединци, групи и држави, да ги пронаоѓа најадекватните мерки за спречување, оневозможување и прибирање на материјал за докажување на истите.
- Оригиналност и креативност во примена на знаењето, како и практично разбирање за функционирањето на постојните техники за истражување и испитување, кои што се користат за креирање и толкување на знаењето во полето на безбедноста.
- Има способност да ги препознава трендовите во безбедноста и нивното влијание врз стартегијата за управување со кризи.
- Ги развива стратегиите за управување со кризи врз основа на стекнатите знаења, така што ќе придонесат за безбедносната политика.
- Способност да ја обликува и развива безбедносната култура преку фацилитирање на промените со креирање решенија за подобро прилагодување на настаните.
- Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми од областа на безбедноста особено оние од стратешка природа.
- Употреба на технологија за управување со кризи и безбедноста, како и за водење и креирање на безбедносна политика.
- Знае да применат мерила за успехот на ресурсите на безбедносниот систем во организацијата со користење аналитички мерки.
- Способност да спроведе конкретни истражувања во организацијата за управување со кризи и безбедноста.
- Способност практично да го примени теоретското знаењето во организации кои се дел од безбедносниот систем (национални и мултинационални)
- Знае да ги примени стандардите и законските одреби од областа на безбедноста, политичкиот систем, кризата и кризните состојби и да примени критичка евалуација на фактите за решавање на безбедносни проблеми.
Способност за проценка
Способност за интегрирање и синтетизирање на знаења од областите на меѓународните безбедносни појави и процеси со креативност во широк дијапазон на можност за истражување на истите појави и процеси; преку споредувањето на податоците и информациите градење на аналитичка база заради врши критичко оценување на резултатите, оценување на нивната веродостојност, навременост и соодветност, споредување и синтеза со веќе добиените сознанија и градење на стратегии за делување спрема тие појави од аспект на меѓународната безбедност.
- Способност за систематско и креативно справување со комплексни прашања, солидно проценување на безбедносните појави и процеси без доволно податоци и во непредвидливи ситуации, кои што вклучуваат размисли во врска со личните, општествените и етичките одговорности и примената на стекнатото знаење и разбирање.
- Способност за синтетизирање и интегрирање на безбедносните стратеги и стратегиите од другите блиски области за решавање на комплексни проблеми како и за секојдневни ад хок ситуации во услови на кризи и кризна состојба.
- Способност за справување со сложени прашања поврзани со кризниот менаџмент кои имаат допирни точки со другите аспекти на работењето во безбедносните организации.
- Да доставува резултати со интегритет врз основа на способност да направи проценка на комплексни проблеми, како што се селекциски методи, програми за напредување и обука, планирање на ресурси, управување со ризици и односи во криза и кризна состојба.
- Да споделува систематизирани информации на сите нивоа на организацијата
- Да влијае на другите, набљудува, превзема соодветни ризици во ситуации кога има некомплетни и ограничени информации,
- Да гради релации врза основа на доверба, што подразбира изграден личен интегритет и способност да креира организациски кодекси базирани на етички принципи со сенс за личните и општествените вредности.
- Способност за размена на заклучоци и информации со стручни и нестручни лица за проблеми од областите на безбедноста, јасно и недвосмислено.
- Способност за независно развивање креативна расправа за проценка на методологии и за развивање критички став за тоа, како и понудување нови хипотези во зависност од можностите.
- Преземање значителна одговорност за работата на поединците и групите, водење и иницирање на активности во функција на примена на безбедносната теорија и практика од меѓународен аспект, заради остварување на безбедност на сите граѓаните.