Почетна/Студии/Втор Циклус/Специјални стручни студии

Специјални стручни студии

Специјалистичката студиска програма овозможува стекнување специјалисточко стручно знаење и вештини за работа во:

  • сите носители во Безбедносниот систем на РМ (Претседател на РМ, Влада на РМ, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана на РМ, Министерство за надворешни работи, Агенција за разузнавање, ЦУК, ДЗС итн);
  • научни установи/истражувачки центри за фундаментални и применети истражувања и анализи (квантитативни и квалитативни);
  • секторите за евроатлантски интеграции при државните органи и единиците на локалната самоуправа;
  • локалната заедница;
  • домашни и странски владини и невладини организации;
  • институциите на ЕУ;
  • НАТО канцелариите и институциите;

Специјалистичката студиска програма по безбедност ги оспособува студентите за вршење дејности во безбедноста, како и во науката и високото образование, преку развој и примена на стекнатите научни и стручни знаења и достигнувања. На специјалистички студии – стручни студии од втор циклус безбедност може да се запишат кандидати под услови и начин определени со Законот за високо образование и општите акти на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола кои имаат завршено основни стручни или основни академски студии каде постигнале најмалку 180 ЕКТС кредити. Во таа смисла на оваа студиска програма можат да се запишат лица што завршиле прв циклус тригодишни студии.

Критериумите за запишување и начините на рангирање на пријавените кандидати за упис на студии од втор циклус се дефинираат во Конкурсот за упис на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Студиската програма за специјалистички студии – стручни студии од втор циклус безбедност е во траење од 1 годинa, односно 2 семестри. Студентот по одбраната на специјалистичкиот труд стекнува со 60 ЕКТС кредити.