На 25-26 април 2024 година, проф. д-р Марина Малиш Саздовска и проф. д-р Александар Иванов, учестуваа на работилница која се спроведе во рамките на проектот Multi-country comprehensive analysis of disaster risk landscape and capacity to respond studу. Организатор на работилницата беше Дирекцијата за заштита и спасување.
Проф. Малиш Саздовска и проф. Иванов ги претставија капацитетите на Факултетот за безбедност Скопје, а особено наставните дисциплини кои се изучуваат на факултетот поврзани со заштитата и спасувањето и кризниот менаџмент и соработката која факултетот ја остварува со институциите кои се дел од тој систем. Се дискутираше и за истражувачките и апликативните проекти кои се реализирани, за добиените резултати, препораки и заклучоци и истите предизвикаа особен интерес кај присутните.
На работилницата беа разгледани бројни предизвици со кои се соочува нашиот систем за намалување на ризици од катастрофи и кои мерки може да се преземат во насока на подобрување на институционалните капацитетите за управување со ризици. Предмет на анализа и дискусија беа и состојбите поврзани со природни и од човек предизвикани ризици и опасности и од присутните беа изнесени бројни предлози за подобрување и унапредување на постоечките состојби.
Конкретна придобивка од оваа работилница претставува и вмрежувањето со практичарите и истражувачите од областа што овозможува простор за идна соработка и реализација на заеднички активности