Се известуваат студентите на студиските програми „Криминалистика“, „Криминологија и криминална политика“ и „Безбедност“ дека Поправниот колоквиум 1 по предметната програма Кривично процесно право ќе се одржи на 15.12.2021 (среда) во 9:00 часот.

Поправниот колоквиум 1 ќе се одржи во Холот на Основна обука (на истото место каде што се полагаше Колоквиумот 1).

Напомена:
Согласно правните акти на УКЛО (чл. 30 од Правилникот за ЕКТС; чл. 42 од Правилникот за прв циклус студии), доколку студентот не го положи Колоквиумот 1, истиот може да го полага уште еднаш на Поправен колоквиум организиран надвор од термините за настава.

Наставник,
проф. д-р Катерина Крстевска Савовска