Prof. d-r Svetlana Nikoloska
Full Professor
Consultations Monday from 13 – 15 o’clock Tuesday from 12 – 14 o’clock
Professors
Методика на истражување општ криминалитет
Економска криминалистика
Методика на истражување на економско-финансиски криминал
Методика на истражување на компјутерски криминал
Методика на истражување на финансиски криминал
Економско- финансиски криминал
Перење на пари
Компјутерска безбедност
Компјутерски криминал

Родена е на 10.01.1968 година во Кочани. Дипломира на Факултетот за безбедност – Скопје во 1992 година. Во 2002 година магистрира на истиот Факултет на тема ,,Криминолошки и криминалистички Карактеристики на малолетничкиот криминалитет во Југозападниот дел на Република Македонија,, Во 2008 година ја брани својата докторска дисертација на тема ,,Кривични дела против службената должност,,, со што се здоби со титулата доктор на безбедносни науки. Од 1992 до 2008 година работи во Министерсво за внатрешни работи на РМ – ОВР Кичево. Од 01.2008 до 11.2008 година во МВР на РМ, БЈБ – Скопје. Во април 2009 година е избрана за Наставник – Доцент по криминалистички науки.Работи како Зам.Раководител на Насоката безбедност и финансиска контрола Скопје и Охрид. Зборува добро англиски, бугарски, српски/хрватски. Има земено учество на повеќе семинари и обуки и објавено повеќе трудови.

CV

1. Малолетничкиот криминалитет во Република Македонија- тема за магистериум.
2. Економскиот криминалитет – проблематика на професионално работење како инспектор и како истражувач, посебно криминалитетот против службената должност и финансискиот криминалитет.
3. Кривично – правните аспекти на економско – финансискиот криминал, компјутерскиот криминал и перење пари.
4. Криминалистичките карактеристики на економско – финансискиот, компјутерскиот криминал и криминалот поврзан со перење пари.
5. Криминалистички и финансиски истраги.
6. Форензика на економско – финансиска документација.
7. Компјутерска форензика.
8. Методика на истражување на општ криминалитет.
9. Квалитативните измени и дополнувања на Кривичниот законик на РМ кај економскиот криминалитет.
10. Економска криминалистика – коавтор, Скопје, 2007 година.
11. Криминалистички карактеристики на малолетничкиот криминалитет во РМ, Годишник на Полициската академија, Скопје, 2007 година.
12. Економска криминалистика – коавтор, второ дополнето издание, Скопје, 2008 година.
13. Кривични дела против службената должност, Скопје, 2008 година.
14. Феноменолошки карактеристики на криминалитетот против службената должност, Годишник на Полициската академија, Скопје, 2008 година.
15. Форензика и организовани облици економско – финансијког криминалитета
16. Поим, постапки и соработка во истражувањето на перењето пари во РМ
17. Финансиските истраги како предуслов за спречување на организираниот економско – финансиски криминал во Република Македонија, Годишник на Факултетот за безбедност Скопје, 2010 година.
18. Компјутерски кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓаните во Република Македонија, Хоризонти, Битола, 2010 година.
19. Потребата од финансиски истраги за сторителите на кривични дела против културното наследство во Република Македонија, Зборник на трудови ,,Заштита на културното наследство,, Факултет за безбедност Скопје, 2010 година.
20. Компјутерскиот криминалитет како сериозна закана за безбедноста, Научно стручна конференција на Факултетот за безбедност, Скопје, , Охрид, 2010 година.
21. Сараднје институција у пружанју помоќи и подрѓци жртвама сексуалног криминалитета, Београд, 2011 година.
22. Финансијска истрага у истраживању организованог криминалитета са елементима корупције, Београд, 2010 године.
23. ,,Стандардизирана обука за финансиски истраги на организиран криминал и финансирање на тероризам,, учествувам со следните наслови на трудови:
– Typical manifestations of corruption, contraband schemes; Authorities opposing,
– Ways, schemes and mechanisms for money laundering, according to the classification criteria in the world,
– Financial investigation of funding and support of terrorism as state policy by stakeholders.
– International police cooperation and information exchange for purposes of proof,
– Inter – institutional cooperation at national Level in Macedonia in financial investigations of organized crime and terrorism, coordination of interaction and information exchange.
24. Međuinstitucionalna kontrola i saradnja u procesu suzbijanja pranja novca, Zbornik, Tara 2011 godina.