Безбедност
Студиската програма безбедност и предметните програми во нејзин состав ја одразуваат сета широчина, сложеност и разнородност на безбедносните проблеми, со зафаќање на основите и особено етиологијата и феноменологијата на безбедноста и безбедносните појави како основ за креирање безбедносни проценки, прогнози и политики и на тој основ градење на стратегии од значење за државата и општеството во целост.
Конципираните предметни програми ќе бидат заокружена целост од одредена безбедносна стварност, безбедносна појава или група безбедносни појави со јасна теоретска и методолошка втемеленост.
Студиската програма по Безбедност на студентите им нуди можност за специјализирање на нивните знаења во рамките на три потесни подобласти на безбедноста: Управувањето со кризи, Националната безбедност и Интегралната безбедност. Потесното насочување во насоките на студентите е од петти семестар. Во рамки на сите насоки (студиски години), студентите ќе реализираат практична и клиничка настава во соодветните институции во државниот и приватниот сектор.
Студиската програма по Безбедност е во траење од 4 години, односно 8 семестри.
Студентот со дипломирањето се стекнува со 240 ЕКТС кредити.
НОВА СТУДИСКА ПРОГРАМА – (2023 – 2027)
СТУДИСКА ПРОГРАМА – (2018 – 2022)
СТУДИСКА ПРОГРАМА – (2013 – 2017)
Решение за акредитација на студиската програма Безбедност – прв циклус студии
Решение за почеток со работа на студиската програма Безбедност – прв циклус студии
Водич за зимски и летен семестар за редовни и вонредни студенти на СП Безбедност.