Безбедност и финансиска контрола
Насоката Безбедност и финансиска контрола ќе профилира кадри кои, во согласност со концептот на модерното универзитетско образование за непосредно поврзување на теоријата и практиката, ќе се стекнат со знаења и вештини за:
- современите општествено – економски развојни процеси и перспективи;
- создавањето на капиталот по пат на експлатација на средствата и трудот и создавањето добивка, профит;
- менаџирање со материјалните и финансиските вредности, со акцент на нивната контрола;
- општествените противречности, конфлкти и други облици на деструкции кои го дестабилизираат и рушат политичкиот, економскиот и финансискиот систем преку злоупотреба и различни видови на криминалитет и
- формите и начините за превентивно и репресивно делување со цел попречување и сузбивање на споменатите појави.
Мисијата на студиите е научно спознавање и обука во областа Безбедност и финансиска контрола со етаблирање на стандарди и нормативи на Европскиот образовен систем.