Во рамките на Советувалиште за студенти се одржа првата групна работилница преку skype

Во рамките на Советувалиште за студенти се одржа првата групна работилница преку skype

Во рамките на Советувалиште за студенти се одржа првата групна работилница  преку skype.

 

На Факултет за безбедност-Скопје една и пол година постои Советувалиште за студенти, во рамките на кое се одржуваат групни едукативно- искуствени работилници за раст и развој, кои ги држам јас како лиценциран психолог и нивен професор.

Со оглед на околностите, од вчера групата продолжува да функционире преку skype. Интересно и убаво искуство и за мене и за студентите, можност да споделиме како се чувствуваме и што правиме за да го контролираме стресот. Работилницата вчера беше насочена кон давање на подршка на студентите во справување со стресот, предизвикан од ситуацијата во која се наоѓаме.

Им благодарам на студентите што беа дел од групата и што ги споделија своите видувања, чувства и начинот на кој гледаат на ова што ни се случува.

За мене е ова прво искуство на водење на група преку skype и сметам дека е добра замена за водење на група лично, како што сме навикнати.

 

Проф. д-р Драгана Батиќ