Ве информираме дека полагањето во ЈУНСКАТА испитна сесија, наместо во претходно објавените термини ќе се спроведе од 22.06.2020 година до 24.07.2020 година

Ве информираме дека полагањето во ЈУНСКАТА испитна сесија, наместо во претходно објавените термини ќе се спроведе од 22.06.2020 година до 24.07.2020 година

Почитувани студенти,

Ве информираме дека   Наставно научниот совет на Факултетот за безбедност  на 11.6.2020 година донесе ОДЛУКА, полагањето  во ЈУНСКАТА испитна сесија,  наместо во претходно објавените термини да го спроведе  од 22.06.2020 година до 24.07.2020 година по Распоред кој ќе биде објавен на 15.6.2020 година.

Студентите  предметите  од летниот семестар можат да ги полагаат преку континуирана проверка (прв колоквиум) или завршен испит. Доколку  студентите го положат првиот колоквиум, вториот колоквиум ќе го  полагаат во  продолжената септемвриска испитна сесија.

Студентите  предметите од зимскиот семестар ќе ги полагаат преку завршен испит.

Факултетот за безбедност го задржува правото да ја промени и оваа Одлука доколку развојот на состојбата со Корона вирусот тоа го налага.

Ве молиме следете ги информациите кои ги споделуваме на нашата веб страна и на социјалните мрежи и информирајте се за начинот и времето на спроведување на испитите.

 

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ-СКОПЈЕ