Советувалиште за студенти во врска со корона вирусот

Советувалиште за студенти во врска со корона вирусот

Почитувани студенти,

Се надевам дека сте добро и дека се придржувате до препораките од владата во врска со новонастанатата ситуација. Ви се обраќам како психолог кој води Советувалиште за студенти и како ваш професор.  Иако советувалиштето не може да работи како обично, сметам дека е добро, доколку имате некои психички манифестации на страв, паника, анксиозност или било кое друго чувство во врска со корона висрусот, да ми се обратите на тел 075 301 223, секој работен ден  од 12-13  и од 18-19 часот.

Ви препорачувам да се грижите за себе, да не кревате непотребна паника, да се опуштите, да правите тоа што ви причинува задоволство и да учите, зошто тоа ќе ви ги одврати мислите кои продуцираат страв и ќе ви користи за престојните колоквиуми.

 

Со почит,

Проф. д-р Драгана Батиќ