СООПШТЕНИЕ
за заинтересираните кандидати за упис на Факултетот за безбедност-Скопје
Наставно научниот совет на Факултетот за безбедност-Скопје на седница одржана на 2.7.2020 година определи предмети битни за студирањето на високообразовната институција кои се основен услов и критериум за запишување за кандидатите кои го завршиле четиригодишното средно образование во учебната 2019/2020 година, како и за кандидатите кои го завршиле четиригодишното средно образование во претходните учебни години (пред учебната 2007/2008 година) и не полагале државна матура:
- за гимназиите – предметите Социологија, Историја, Филозофија или други предмети по кои кандидатите постигнале најголем среден успех и
- за средните стручни училишта – два стучни предмети од понудената листа на наставни предмети од средното стручно образование според образовниот профил на кандидатите каде кандидатите постигнале најголем среден успех.
ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ – СКОПЈЕ