СООПШТЕНИЕ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО УЧЕБНАТА 2019/20 година

СООПШТЕНИЕ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО УЧЕБНАТА 2019/20 година

Почитувани студенти,

За сите оние студенти кои не реализирале практична настава по 09.03.2020 година,Наставно научниот совет на Факултетот за безбедност на седница одржана на 16.7.2020 година донесе ОДЛУКА за признавање на     активности како реализирана  практична настава за академската 2019/2020 година како и ЛИСТА на активности.

Како  активности кои ќе се сметаат како реализирана практична настава ќе се сметаат:

  1. учества во домашни, регионални и меѓународни проекти, работилници, семинари, дијалози, расправи и други настани;
  2. редарските активности;
  3. волонтерските активности во рамки на акцијата – Биди хуман студент.
  4. учества во активности и кампањи организирани од: Црвен крст, Центарот за управување со кризи, Општините во кои живеат студентите, од Агенциите за обезбедување и од    други организации за активности поврзани со борбата против Ковид -19.
  5. активности во невладини организации.

– Активносите под точка 2,3,4 и 5 треба да се реализираат во времетрање од 5 работни дена

– активностите под точка 1. зависно од  времетрање на содржините на активностите поврзани со учества во домашни, регионални и меѓународни проекти, работилници, семинари, дијалози, расправи и други настани.

Активностите треба да се реализираат заклучно со 01.09.2020 година.

Евиденцијата на реализираните активности ќе ја нотира  менторот за практична настава кај кого треба да се донесат потврдите за реализирана практична настава најкасно до 15.09.2020.

Студентите кои ја реализираа практичната настава до 09.03.2020 година кај менторот за практична настава  да донесат потврда од МВР на Република Северна Македонија со која се потврдува реализираната практична работа и тоа најдоцна до 15.09.2020 година. Овие студенти не треба да реализираат дополнителни активности. 

 

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ-СКОПЈЕ