СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ – СКОПЈЕ

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ – СКОПЈЕ

Почитувани студенти

 Ве информираме дека полагањето на испитите со физичко присуство на Факултетот за безбедност ќе се одвива на следниов начин:

 ПРЕД ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ:

 1.Полагањата на испитите со физичко присутво  ќе се одржуваат во спортската сала, амфитеатарот и предавалните во факултетот, а точното место односно точната просторија за полагање на испитот ќе биде соопштена на денот на полагање на испитот.

2.Просториите во кои ќе се полагаат испитите ќе бидат дезинфицирани и соодветно проветрени.

3.Студентите се должни најмалку половина час пред почетокот на полагање на испитот да бидат пред влезот на факултетот.

4.За време на целиот престој на факултетот, студентите се должни да носат заштитни маски за лице а се препорачува и носење на медицински ракавици. Оние студенти кои нема да носат заштитна маска или медицински ракавици, истите ќе можат да ги купат во книжарницата на факултетот.

5.Студентите од страна на вработен/ни на факултетот, организирано во групи ќе бидат насочени кон местото каде ќе се спроведува испитот кој ќе го полагаат, истите ќе се движат во колона од еден со држење на соодветна дистанца. По исклучок, на барање на студентите ќе се дозволи организирано движење во колона по еден со држење на соодветна дистанца до книжарницата на факултетот (заради купување на пријави, заштитни маски или медицински ракавици).

6.Пред местото каде ќе се полагаат испитите, задолжителна е идентификација на студентот и предавање на испитната пријава. Идентификацијата на студентите и собирањето на испитните пријави ќе го вршат вработени од Одделението за студентски прашања на факултетот.

7.По завршување на идентификацијата и предавање на испитната пријава, студентите се должни да извршат дезинфекција на рацете и обувките пред влез во просторијата каде ќе го полагаат испитот. За таа цел, ќе бидат поставени средства за дезинфекција и влажен мост.

 
ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ:
 

  1. Студентите ќе бидат распоредени да седнат на места кои претходно ќе бидат определени и на кои претходно ќе бидат поставени тестови за полагање.

2.Просториите каде ќе се полагаат испитите ќе бидат проветрувани за време на полагањето на испитот.

 
ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ИСПИТОТ:

1.Студентите имаат обврска за повторна дезинфекција на рацете и обувките и повторно по насоки од вработените на факултетот, организирано во колона по еден со држење на соодветна дистанца ќе го напуштат факултетот.

2.Просториите каде е завршено полагање на испитот ќе бидат повторно дезинфицирани и соодветно проветрени.

 
НАПОМЕНА:
 
1.На студентите кои нема да ги почитуваат овие насоки за полагање на испити со физичко присутво на Факултетот за безбедност – Скопје, нема да им се дозволи да го полагаат испитот.

 
ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ-СКОПЈЕ