Се известуваат студентите од прва година (редовни и вонредни) на Факултетот за безбедност, дека е задолжително да извршат лекарски прегледи кои ќе бидат услов за запишување на летен семестар.
Прегледите ќе се реализираат во студентската поликлиника на Универзитетот “Св.Kирил и Методиј” – Скопје која се наоѓа до студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу” – Скопје.
Реализација на прегледите ќе биде во пет работни дена и тоа:
- прва група 27.01.2020 год.
- втора група 28.01.2020 год.
- трета група 29.01.2020 год.
- четврта група 30.01.2020 год.
- петта група 31.01.2020 год.
Прегледите ќе се реализираат во времето од 08,00 до 12,00 часот.
Списоците по групи ќе бидат објавени на огласната табла на Факултетот и на интернет страната .
За таа цел студентите со себе треба да понесат индекс и фотокопија од првите три страни од здравствената легитимација, електронска здравствена картичка и здравствена книшка.
На самиот ден на лекарските прегледи студентите треба да бидат гладни заради лабараториски преглед.
Прегледите ќе се реализираат без уплата на паричен надомест.