Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност дека ЈУНСКАТА испитна сесија за предметите од летен семестар ќе се спроведе во периодот од 08.06.2020 до 17.07.2020

Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност дека ЈУНСКАТА испитна сесија за предметите од летен семестар ќе се спроведе во периодот од 08.06.2020 до 17.07.2020

Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност дека ЈУНСКАТА испитна сесија за предметите од  летен семестар ќе се спроведе во периодот од 08.06.2020 до 17.07.2020. Првата декада е  од 08.06.2020 до 19.06.2020, додека втората декада е во периодот од 06.07.2020 до 17.07.2020. Во првата декада студентите испитот ќе го полагаат преку континуирана проверка (прв колоквиум) или завршен испит, а во втората декада  ќе може да полагаат преку континуирана проверка (втор колоквиум за тие што ќе положат прв колоквиум) или завршен испит. Студентите кои не го положиле првиот колоквиум можат во втората декада да полагаат завршен испит.

За предметите од зимски семестар завршниот испит ќе се спроведе во перидоот од 22.06.2020 до 03.07.2020 година.

Распоредот за полагање ќе биде дополнително објавен на веб страната на Факултетот.

Пријавувањето на испитите ќе биде електронски во периодот од 01.06.2020 до 04.06.2020 година преку IKNOW системот.

Преку електронска платформа (Google drive) која ќе ја изготви Факултетот за безбедност – Скопје, студентите ќе имаат обврска да пријават во која декада ќе го полагаат испитот и дали испитот ќе го полагаат преку континуирана проверка (колоквиум) или преку завршен испит.

Испитните пријави секој од студентите е должен да ги достави на денот на испитот кај предметниот наставник, доколку испитот го полага по прв пат да достави испитна пријава, доколку испитот го полага по втор, трет или повеќе пати да достави и уплатница од 300 денари за полагање на испит по втор пат. Уплатата да се изврши на следната жиро сметка:

  • трезорска сметка бр. 100000000063095, сметка на буџетски корисник 160016125578810 приходна шифра 723013, програма 42,  депонент НБРСМ,– Факултет за безбедност – Скопје, со цел на дознака ,,полагање на испит по втор, трет или повеќе пати“.

ПРОДЕКАН ЗА НАСТАВА
проф. д-р Наташа Пеливанова