Рок за доставување на прелиминарната пријава е продолжен до 05.02.2020 година.

Рок за доставување на прелиминарната пријава е продолжен до 05.02.2020 година.

Рок за доставување на прелиминарната пријава е продолжен до 05.02.2020 година.

Почитувани студенти и наставници,
официјално е објавен повикот за мобилност на студенти и кадри во рамките на програмата „Еразмус плус“ (Клучна акција 103: индивидуална мобилност за учење, високо образование). Целосниот повик, насоките и потребниот образец за студенти/кадар кои се однесуваат на прелиминарната апликација можете да ги најдете на следниот линк: https://uklo.edu.mk/news/view/1336
Програмскиот водич за 2020/21 година објавен од Европската комисија можете да го најдете на следниот линк: https://ec.europa.eu/…/docu…/erasmus-programme-guide-2020_en
Ние, како Факултет за безбедност-Скопје, преку канцеларијата на меѓународна соработка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, до сега имаме склучено девет меѓуинституционални договори во рамките на програмата со сродни високообразовни институции од Бугарија, Полска, Романија, Словенија, Турција, Хрватска и Чешка. Според Програмскиот водич, земјите се рангирани во третата категорија, што подразбира дека секој студент(ка) има право на надомест до 470 евра во бруто износ за секој месец опфатен со Договорот за учење. Мобилноста може да се реализира за времетреање од еден или два семестри, т.е. во зимскиот и/или во летниот семестар во академската 2020/21 година.
Сите информации, вклучително и прегледот на договорите и сумарен преглед на потпишаните договори со сите детаљи, можете да видите на следниот линк: https://fb.uklo.edu.mk/erazmus/
Краен рок за доставување на прелиминарната пријава е 20.1.2020 година на следната е-адреса: raderaj@fb.uklo.edu.mk
Со почит,

Вон. проф. д-р Раде Рајковчевски
Продекан за меѓународна соработка и Е+ факултетски координатор