Почитувани студенти,
Ве информираме дека првиот свечен академски час ќе се одржи на ден 01.10.2020 година (четврток) со почеток во 13:00 часот со запазување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19 на Факултетот за безбедност – Скопје.
На свечениот час ќе се обратат,
- Министерката за одбрана на РСМ, м-р Радмила Шекеринска,
- Државниот секретар при Министерство за внатрешни работи на РСМ, м-р Магдалена Несторовска,
- Проректорот за студентски прашања на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Марјан Ѓуровски и
- Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски.
Ве молиме за задолжително присуство.
Факултет за безбедност – Скопје