ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата

ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата

Почитувани студенти и наставници,

официјално е објавен  ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата КА131: Индивидуална мобилност за учење, Високо образование  Мобилност на ВОИ во програмски земји  Академска 2021/2022 (летен семестар)

– мобилност на студенти за студирање (SMS)

– мобилност на студенти за стажирање (SMP)

– мобилност на академски кадри за настава (ЅТА)

– мобилност на кадри за обука (ЅТТ)

Времетраење на мобилноста

 1. За студенти: семестар (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус)

2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

 За 2021/2022, мобилноста на студентите и кадрите треба да се планира само за летниот семестар на академската година.

 Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партенрските институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

 – редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

– академски и други кадри во редовен работен однос на УКЛО.

 Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (листа на потпишани интер-институционални договори).

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • Мотивациско писмо
  • Документ/потврда за познавање англиски или јазикот на институцијата каде што ќе се реализира мобилноста
  • Договор за студирање (Learning Agreement for studies) во којшто се утврдува студиската програма, периодот на реализација, потпишан од страна на студентот, на факултетскиот координатор и институционалниот координатор на матичната институција и од страна на партнерскиот универзитет (најмалку 20 ЕКТС) / Договор за стажирање (Learning Agreement for Traineeship)

Потребни документи за пријавување на кадри

  • Потврда за редовен работен однос
  • Договор за мобилност за наставен ангажман (Staff Mobility Agreement for Teaching) – потпишан од страна на кандидатот, факултетскиот и инститционалниот Е+ координатор и одобрен и потпишан од страна на институцијата партнер / Договор за мобилност на кадри за обука (Staff Mobility Agreement for Training) – потпишан од страна на кандидатот, факултетскиот и инститционалниот Е+ координатор и одобрен и потпишан од страна на институцијата партнер

Сите документи се достапни на web страницата на УКЛО (www.uklo.edu.mk) во рубриката Меѓународна соработка / ERASMUS +.

Првичната селекција / рангирање на кандидатите ја прави факултгетот врз основа на академскиот успех, познавањето странски јазик и мотивацијата за учество во Програмата. При одлучувањето за академскиот кадар, предност треба да имаат кандидатите коишто аплицираат за првпат и досега не користеле Е+ стипендија.

Кандидатите ја поднесуваат апликацијата (исклучиво за мобилност во текот на летниот семестар на академската 2021/2022) до Е+ координаторот на матичниот факултет (листа на Е+ координатори), најдоцна до 5 октомври 2021, додека краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот на УКЛО е 10 октомври 2021.