ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата Академска 2020/2021 (летен семестар)

ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата Академска 2020/2021 (летен семестар)

ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата Академска 2020/2021 (летен семестар)

Времетраење на мобилноста:
1. За студенти: еден семестар (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус)
2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

За академската 2020/2021, мобилноста на студентите и кадрите треба да се реализира најдоцна до 30 септември 2021 година.
Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

– редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот
– академски и други кадри во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат на мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции.

Потребни документи за пријавување на студенти:

• Пополнет формулар за пријавување
• Потврда за редовен студент
• Уверение за положени испити
• CV (Europass формат)
• Мотивационо писмо

Потребни документи за пријавување на кадри:

• Пополнет формулар за пријавување
• Потврда за редовен работен однос
• CV (Europass формат)

Сите документи се достапни на web страната на УКЛО (www.uklo.edu.mk) во рубриката Меѓународна соработка/Еразмус+, а детаљни информации во однос на договорите со партнерските институции можете да најдете на линкот од веб страницата на Факултет за безбедност-Скопје,

https://fb.uklo.edu.mk/erazmus/

За информации во врска со мобилноста можете да се обратите на факултетскиот Е+ координатор:

Вон. проф. д-р Раде Рајковчевски, rade.rajkovcevski@uklo.edu.mk

Рок за пријавување (исклучиво за мобилност во текот на летниот семестар): 15 октомври 2020.