Повик за Академски стипендии за граѓанско општество 2021 / Рок за пријавување: 22 јули

Повик за Академски стипендии за граѓанско општество 2021 / Рок за пријавување: 22 јули

Повик за Академски стипендии за граѓанско општество 2021 / Рок за пријавување: 22 јули

Младински образовен форум објавува повик за Академски стипендии за граѓанско општество поддржани од програмата за стипендирање на Фондациите Отворено општество.

Академските стипендии за граѓанското општество (Civil Society Scholar Awards – CSSA) поддржуваат студенти на докторски студии и факултетски кадар да работат на академски проекти кои ќе го збогатат социјално ангажираното и критичко истражување во нивните родни земји или региони. Поради несигурноста предизвикана од КОВИД-19 вирусот, оваа година се охрабруваат апликации на кандидатите кои се студенти на докторски студии и факултетски кадар вработен со полно работно време да работат на истражувања кои имаат јасна врска со нивните примарни научни области, или да се фокусираат на работа која ќе овозможи завршување или објавување на дисертација или академски написи, книги, или други академски производи.

Програмата ќе даде првенство на апликации за истражувања поврзани со одбрана од растење на авторитаризам; одржлив развој, климатско дејствување, и ублажување на ефектите од климатските промени; економска правда и работнички права; информатичка демократија; и влијанието на пандемијата КОВИД-19 врз родната земја или регионот на кандидатите. Програмата поддржува апликации на стипендисти од областите на општествените и хуманистичките науки.

Стипендиите се отворени за следнава академска популација:
– Студенти на докторски студии од областите на општествените и хуманистичките науки кои студираат на универзитети во или надвор од својата родна земја; или
– Членови на факултетски кадар од областите на општествените и хуманистичките науки кои се вработени на полно работно време (мора да поседуваат најмалку диплома од магистерски студии), кои предаваат на универзитети во својата родна земја.

Датуми за реализација на стипендијата: 1-ви март 2021 година до 31-ви декември 2021 година. Максимален износ на стипендијата: 15.000 американски долари.
Краен рок за пријавување: 22-ри јули 2020 година во 23:59 часот. Силно се охрабруваа пријавување преку интернет.Во прилог ви ја испраќаме англиската и македонскиата верзија на водичот за Академските стипендии за граѓанско општество, како и документ со најчесто поставувани прашања.

Повеќе информации за повикот за стипендии на веб страната на МОФ, како и на веб страна на Фондациите отворено општество.

Civil Society Scholar Awards 2021

FAQ – Civil Society Scholar Awards 2021

Повик-за-Академски-стипендии-за-граѓанско-општество-2021