Повик до студентите за пријавување за учество во онлајн проектот „Регионалните безбедносни предизвици за време и по кризата од пандемијата Ковид-19„ во организација на Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер

Повик до студентите за пријавување за учество во онлајн проектот „Регионалните безбедносни предизвици за време и по кризата од пандемијата Ковид-19„ во организација на Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер

Почитувани студенти,

Ве покануваме преку Ваше пријавување до 12.05.2020 година на емаил marjan.gjurovski@uklo.edu.mk да земете учество во проектот на Факултетот за безбедност и Фондацијата Конрад Аденуаер во врска со регионалните безбедносни предизвици и пандемијата. Преку партиципацијата во проектот секој студент покрај нови знаења и искуства ќе добие сертификат од Фондацијата „Конрад Аденауер„ од СР Германија и Факултетот за безбедност-Скопје

 

Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Факултетот за безбедност-Скопје кои се долгогодишни партнери во низа регионални проекти од сферата на безбедноста започнува со реализација на активности во насока на сензибилизирање на експертската јавност како и носителите на одлуки од областа на безбедноста, при што ќе бидат опфатени искуства и препораки од три земји во регионот, односно Северна Македонија, Бугарија и Србија. Со оглед на актуелните вонредни околности на светско ниво предизвикани од глобалната пандемија на COVID-19, активностите ќе бидат фокусирани на Влијанието на пандемијата Covid -19 врз функционирањето на безбедносниот систем, јавните политики и надворешните односи во услови на вонредна и кризна состојба, улога на новите државни актери, регионалната соработка во справувањето со кризата и др.. При тоа, проектот има за цел да понуди компаративна анализа на меките политики и алатки и воопшто начинот на справување на овие земји од регионот со глобалната пандемија, да укаже на можностите и неопходноста од регионална соработка на полето на безбедноста и управувањето со кризи, како и да понуди анализа на геополитичките аспекти и делување во услови на глобална пандемија.Земајќи ги во предвид моменталните околности и неможноста од спроведување на активности од отворен тип, проектот предвидува онлајн-експертски сесии, по две во месец мај и јуни.

 

Првата онлајн-сесија ќе биде во насока на размена на искуства од трите земји, РС Македонија, Р Србија и Р Бугарија за актуелните безбедносни предизвици, ризици и кризен менаџмент за успешно справување со пандемијата од COVID-19.

 

На сесијата, која ќе се одржи на 14.05.2020 година во 12.00 часот свое експертско видување ќе дадат проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, Стефан Сурлиќ од Факултетот за политички науки од Белград и Проф. д-р Татјана Дронзина од Филозофскиот факултет при Софискиот универзитет.  Министерот за внатрешни работи на РС Македонија г-н Наќе Чулев ќе се обрати на онлајн-сесијата и ќе даде свое видување во однос на темата од перспектива на работата и делувањето на македонското министерство за внатрешни работи во вонредната состојба.

 

Ве очекуваме со вашата пријава до 12.05.2020 година на емаил:marjan.gjurovski@uklo.edu.mk