Покана за присуство на предавање на Ректорот на Белградскиот Универзитет проф. д-р Иванка Поповиќ

Покана за присуство на предавање на Ректорот на Белградскиот Универзитет проф. д-р Иванка Поповиќ

Покана за присуство на предавање на Ректорот на Белградскиот Универзитет проф. д-р Иванка Поповиќ

 

Почитувани колешки и колеги,

Со особено задоволство Ве покануваме да присуствувате на 27.02.2020 година во 12.15 часот во големиот Амфитеaтар на Факултетот за безбедност-Скопје на предавањето на Ректорот на Белградскиот Универзитет проф. д-р Иванка Поповиќ на тема „Истражување и иновации за квалитет и релевантност во високото образование и можности за студентите„

Темата е значајна и се очекува да побуди интерес кај студентите и професорите со оглед на искуството на ректорката на Белградскиот универзитет која ќе биде во официјална три дневна посета на Универзитетот „Св.Климент Охридски„. Белградскиот Универзитет е  успешен во процесот на негова интернационализација имајќи во предвид дека истиот е високо рангиран меѓу првите 500 Универзитети на Шангајската листа.

Пред предавањето во Скопје ректорите на Белградскиот Универзитет и Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. д-р Иванка Поповиќ и проф. д-р Сашо Коруновски свечено ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу двата Универзитети.

Соработката на двата универзитети ќе се одвива преку реализација на повеќе активности и програми за размена на наставен кадар, на студенти, заеднички истражувачки проекти, учество на семинари и други академски собири, посебни краткорочни академски програми, програми за професионално усовршување и други области од заеднички интерес.

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ СКОПЈЕ