ПОКАНА ЗА ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА НА ФАКУЛТЕТИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ОД СКОПЈЕ И БЕЛГРАД

ПОКАНА ЗА ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА НА ФАКУЛТЕТИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ОД СКОПЈЕ И БЕЛГРАД

ПОКАНА ЗА ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА НА ФАКУЛТЕТИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ОД СКОПЈЕ И БЕЛГРАД

 

Факултетот за безбедност-Скопје, Факултетот за безбедност-Белград  и Американскиот центар за образование во соработка со Факултетските студентски собранија на двата факултета во рамки на клубот за креирање на јавни политики за безбедност и меѓународни односи ќе се организира онлајн работилница за студенти на тема “Компаративна анализа на безбедносните системи со посебен осврт на справувањето на институциите со пандемијата на корона вирусот во Република Северна Македонија и Република Србија”.

Покрај студентите на работилницата ќе говорат:

проф. д-р Никола Дујовски, Факултет за безбедност-Скопје

проф. д-р Марјан Ѓуровски, Факултет за безбедност-Скопје

проф. д-р Марјан Николовски, Факултет за безбедност-Скопје

проф. д-р Зоран Драгишиќ, Факултет за безбедност-Белград

проф. д-р Зоран Ќековиќ, Факултет за безбедност-Белград

Онлајн работилницата ќе се одржи на ден 05.05.2020 година (вторник), со почеток во 12.00 часот.

Целта на оваа онлајн работилница е да се прикаже како безбедносните системи на РСМ и РС се справуваат со корона вирусот и дали нивната поставеност е ефикасна во однос на борбата против овој невидлив непријател. Замислата е да се идентификуваат сите добри страни, меѓутоа воедно и сите пропусти кои се однесуваат на правната детерминираност, во однос на функционирањето на државните институции во време на вонредна или кризна состојба.

Сите заинтересирани студенти кои сакаат да присуствуваат на онлајн настанот, треба својата e-mail адреса да ја испратат на следниот mail: aleksandar.stojanovic@uklo.edu.mk најдоцна до 03.05.2020 година (недела) до 23.00 часот. На Вашите меил адреси кои ќе ни ги испратите, ќе Ви пристигне линк преку кој ќе може да се вклучите и да го следите настанот.