Почитувани студентки и студенти, Агенцијата за обезбедување на имот и лица „ОСА“ нуди можност за вработување за студентите и дипломираните студенти од Факултетот за безбедност

Почитувани студентки и студенти, Агенцијата за обезбедување на имот и лица „ОСА“ нуди можност за вработување за студентите и дипломираните студенти од Факултетот за безбедност

Можност за практикантска работа

Почитувани студентки и студенти,

Агенцијата за обезбедување на имот и лица „ОСА“ нуди можност за вработување за студентите и дипломираните студенти од Факултетот за безбедност, за позицијата РЕДАР во Банка. Работните обврски се однесуваат на воспоставување на редот за влегување и излегување од просториите на Банката, а согласно Препораките на Валадата за заштита од Корона вирусот.

Платата ќе биде 16.000,00 денари нето износ месечно (Сите студенти ќе бидат пријавени со сите придонеси согласно Законот). Со работа се започнува во понеделник на 23.3.2020 година.

Отворени позиции се следните:

1. За Град Скопје – 25 работни места;
2. За Штип – 1 работно место;
3. За Струмица – 1 работно место;
4. За Охрид – 1 работно место;

Сите заинтересирани може да се пријават со одговор на е-адресата fbs@fb.uklo.edu.mk  со следните податоци:

Име и Презиме, студент на насока во ________ семестар за работно место во ______________ или

Име и Презиме, дипломиран на Факултетот за безбедност насока________ за работно место во ______________.

Ве молам Вашите пријави да ги испратите најдоцна до утре 22.3.2020 година до 17.00 часот

Ценам дека ова е добра можност за студентите (но и за дипломираните студенти) да стекнат ново искуство и да ги сменат мислите во овие тешки времиња.

Со почит,
Декан
Проф. д-р Никола Дујовски