Online обуки за истражувачи

Online обуки за истражувачи

Почитувани,

Британскиот совет, во рамки на „Програмата за унапредување на улогата на науката во општерствот“, нуди онлајн обука за истражувачи (доктори на науки кои се стекнале со звањето минативе 8 години) на тема за ефикасно комуницирање на научни теми и за јавен ангажман (Science Communication and Public Engagement).

Предвид ќе бидат земени и пријави од кандидати кои се во завршните години на нивните докторски студии.

Пријавувањето е до пладне во среда на 9 декември 2020 година со испраќање на биографија и пријавен формулар (во прилог) на Zarko.koneski@britishcouncil.org.mk

Обуката е бесплатна, онлајн, одзема по неколку часа неделно од декември до март 2021 година и ќе биде воденa од стручни лица од Велика Британија. Деталите за обуката, темите и распоредот се дадени во документот во прилог.

Дополнително, во рамки на истата програма нудиме и втора обука на тема комуницирање на научни теми за креирање јавни политики (Policy Engagement), со истите услови за пријавување. Оваа обука ќе започне на почетокот од јануари 2021 година. Може да се пријавите за учество на двете обуки. Повеќе информации има на нашата веб-страница на https://www.britishcouncil.mk/programmes/education/sep/science-communication-policy-engagement-training

Во очекување на вaшите пријави, ве поздравувам.

Жарко Конески

повик за аплицирање

форма за апликација