На 11.05.2023 на Економскиот факултет – Прилеп се одржа работилница на тема: “Проактивно лидерство и вмрежување во заедницата”.
Поздравни говори и обраќања имаа: Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија, проф. д-р Цветко Андреески, проректор за настава на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за Безбедност – Скопје и проф. д-р Драгица Оџаклиеска, декан на Економски факултет – Прилеп
Во вториот дел од работилницата предавање одржаа: проф. д-р Глигор Бишев, претседател на Советот за високо образование и стратешки истражувања при Стопанска комора на Република Северна Македонија, м-р Емилија Велкоска, началничка на надворешната канцеларија за криминалистички работи во ОВР Прилеп, Ирена Јакимовска, сопственик на Комфи Ангел – Прилеп и Славчо Кузманоски – командант на Артилерискиот баталјон и командант на гарнизон Прилеп,Министерство за одбрана на Република Северна Македонија
Работилницата се одржа во организација на Економскиот факултет – Прилеп, Факултетот за безбедност – Скопје, единици на УКЛО и Министерството за внатрешни работи.