НОЕМВРИСКА испитна сесија

НОЕМВРИСКА испитна сесија

Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност (додипломски и прв циклус на студии), дека со Одлука на ННС, одобрена е НОЕМВРИСКА испитна сесија која ќе биде во периодот од 16.11. до 11.12.2020 година.

Пријавувањето на испитите ќе биде електронски во периодот од 02.11. до 06.11.2020 година преку IKNOW системот.
За оние студенти кои не се по IKNOW системот, испитите ќе ги пријават во истиот период на следнata mail адреса: studentski@fb.uklo.edu.mk.

Студентите кои ќе пријавуваат испити за ноемвриска испитна сесија преку IKNOW системот, уплатата за испитите (слика од уплатницата) да ја испратат на mail адреса: studentski@fb.uklo.edu.mk, доколку студентот го пријави испитот електронски а не испрати слика од уплатата нема да може да го полага испитот.

Студентите во ноемврискиот испитен рок можат да полагаат само презапишани предмети од непарните семестри и запишани (и презапишани) предмети од парните семестри, со уплата на надомест во износ од 1.000,00 денари по предметна програма (испит).

Испитните пријави секој од студентите е должен да ги достави на денот на испитот кај предметниот наставник, додека оние студенти кои ќе ги полагаат испитите online пријавите за испитите ќе ги достават во Одделението за студентски прашања најдоцна до 30.11.2020 година.

ТЕРМИНИ ЗА НОЕМВРИСКА СЕСИЈА

ОДЛУКА од ННС

ПРОДЕКАН ЗА НАСТАВА
Проф. д-р Наташа Пеливанова