Материјал за учење за прв колоквиум по предметите КРИМИНОЛОГИЈА и КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

Материјал за учење за прв колоквиум по предметите КРИМИНОЛОГИЈА и КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

Почитувани студенти,

  1. Како што веќе е кажано уште на првите предавања Ви соопштив од која литература и од која до која страна треба се учи. Еве уште еднаш во новонастанатата ситуација Ве потсетувам за материјалите од кои треба да се учи за I колоквиум по премдетот КРИМИНОЛОГИЈА:

Учебник КРИМИНОЛОГИЈА од проф. д-р Љупчо Арнаудовски:
Од стр. 17 до 91
101 до 149
157 до 229
241 до 295
324 до 363
497 до 525 и

Од учебникот СИСТЕМСКА КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ од М.Лабовиќ, за I колоквиум само стр. 281 до 284

  1. За предметот КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ за I колоквиум, како што беше веќе кажано:

Од учебникот СИСТЕМСКА КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ од М.Лабовиќ од страна 3 до 211

Чувајте се и искористете го времето што седите дома успешно да го совладате предвиденотот градиво за I колоквиум.
Да се надеваме дека оваа состојба на опасност по нашето здравје бргу ќе заврши.

Како и секогаш Ве поттикнувам и особено ќе ми биде мило ако имате суштински прашања, во врска со посочениот материјал. Било кое прашање кое ќе произлезе од Вашата љубопитност, а не е одговорено во материјалите или имате било каква недоумица или несогласување со тоа што е напишано во овие материјали, повелете поставете прашања, ќе отвориме полемика. Можеби најдобра платформа за тоа е да формираме нова група на ФБ каде ќе бидам вклучен и јас. Во оваа група ќе дискутираме и полемизираме за суштинските прашања поврзани со материјалот. Но секако, теоретските становишта на овие два најкомплексни предмети ни даваат широка можност теоретските концепти и ставови да ги поврзуваме и разгледуваме во контекст на многуте емпириски примери од нашата и светската реалност., како и разните вести од секаков тип, кои имаат глобален карактер, а за кои што сте имале прилика да ги видите и чуете преку медиумите или социјалните мрежи. Низ призмата на теоретските концепти можеме да се обидеме да ги анализираме разните вести поврзани со актуелната состојба предизвикана од КОВИД -19 ВИРУСОТ

Вашиот професор М. Лабовиќ