ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА

ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА

Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност дека ЈУНСКАТА испитна сесија ќе се спроведе во периодот од 14.06.2021 до 09.07.2021.

Пријавувањето на испитите ќе биде електронски во периодот од 01.06.2021 до 07.06.2021 година преку IKNOW системот.

За оние студенти кои не се по IKNOW системот, испитите ќе ги пријават во истиот период на следнata mail адреса: studentski@fb.uklo.edu.mk

Испитните пријави секој од студентите е должен да ги достави на денот на испитот кај предметниот наставник за испитите што ќе се одржат со физичко присуство, додека оние студенти кои ќе ги полагаат испитите online пријавите за испитите ќе ги достават во Одделението за студентски прашања најдоцна до 11.06.2021 година. Студентот доколку испитот го полага по прв пат да достави испитна пријава, доколку испитот го полага по втор, трет или повеќе пати да достави и уплатница од 300 денари за полагање на испит по втор пат. Уплатата да се изврши на следната жиро сметка:

  • трезорска сметка бр. 100000000063095, сметка на буџетски корисник 160016125578810 приходна шифра 723013, програма 42,  депонент НБРСМ,– Факултет за безбедност – Скопје, со цел на дознака ,,полагање на испит по втор, трет или повеќе пати“.

ПРОДЕКАН ЗА НАСТАВА
проф. д-р Наташа Пеливанова

РАСПОРЕД