Се известуваат сите заинтересирани студенти (редовни и вонредни) на Факултетот за безбедност од студиските програми Криминалист, Безбедност, Криминологија и Безбедност и евроатлански интеграции кои сакаат да земат учество на летната теренска настава по Логорување во с. Лазарополе дека може да се пријават во канцеларијата за дообразование и доедукација кај Ангел Витевски или во канцеларија кај вонр. проф. д-р Јонче Ивановски најкасно до 07.06.2019 година. Доколку некој студент не е во можност да дојде може да се пријави на следниот емаил: jonce_i@yahoo.com
Поради квалитетни подготовки за организирање на летната теренска настава по Логорување се замолуваат студентите да го почитуваат временскиот рок на пријавување. Наставата по Логорување се планира да започне околу 1 јули, а ќе трае 8 дена.
НАПОМЕНА: Деновите поминати на Логорување ќе се сметаат како денови од Практична работа реализирана во Министерството за внатрешни работи.
Одговорен за логорување
Вонр. проф. д-р Јонче Ивановски