ЈАВЕН ПОВИК за вклучување надворешни учесници за потребите на проектот Алатка за виртуелно собирање докази за идентификација и онеспособување неексплодирани убојни средства (VECTOR)

ЈАВЕН ПОВИК за вклучување надворешни учесници за потребите на проектот Алатка за виртуелно собирање докази за идентификација и онеспособување неексплодирани убојни средства (VECTOR)

ЈАВЕН ПОВИК

за вклучување надворешни учесници за потребите на проектот

Алатка за виртуелно собирање докази за идентификација и онеспособување неексплодирани убојни средства (VECTOR)

 

Врз основа на член 6 од Упатството за реализација на проекти финансирани од меѓународни програми, домашни и/или странски институции, влади или фондови на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола од 2018 година и Одлука бр. 311/1 од 28.05.2020 година за давање согласност за вклучување надворешни учесници во проектни активности, Факултетот за безбедност – Скопје како носител и спроведувач на проектот Алатка за виртуелно собирање докази за идентификација и онеспособување неексплодирани убојни средства, објавуваат јавен повик за вклучување на надворешни соработници (associated partners) за потребите на горенаведениот проект од програмата NATO Science for Peace and Security. Согласно пропозициите на проектот, потребно е ангажирање на три надворешни учесници (соработници) за реализација на активностите од проектот. Според карактерот на проектот, заинтересираните субјекти кои ќе се јават на повикот, треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Како надворешни учесници (придружни партнери – associated partners) се сметаат физички лица кои имаат искуство во истражувањa и имаат најмалку степен на образование – магистер на науки од областa на безбедноста и одбраната или специфични знаења поврзани со експлозивните средства;
  • Искуство во работа на национални и меѓународни истражувања;
  • Познавање на работа на софтверски пакети поврзани со статистичка обработка на податоци;
  • За предност ќе се смета изведување на образовна дејност од горенаведените области;
  • Возрасна граница до 40 години.

 

Ангажманот на избраните надворешни учесници во проектот би вклучувал:

  • Ангажирање во својство на помлади истражувачи кои ќе работат на реализација на проектните задачи во соработка со партнерите на проектот;
  • Учество на состаноци, подготовка и реализација на истражувачки активности и извештаи поврзани со фазите на реализација на проектот,
  • Активна вклученост во обезбедувањето одржливост, преносливост и ширење (дисеминација) на резултатите од проектните активности, т.е. иновативните практики и паметни методи во создавањето на софтверско апликативно решение за идентификација и онеспособување неекплодирани убојни средства.

 

Заинтересираните субјекти треба да ги достават следните документи:

  • Пријава со назнака Јавен повик за вклучување надворешни учесници за потребите на проектот VECTOR – Алатка за виртуелно собирање докази за идентификација и онеспособување неексплодирани убојни средства;
  • Кратка биографија (CV) на подносителот;
  • Мотивационо писмо.

 

Јавниот повик трае осум дена сметано од денот на објавувањето на веб страните на Универзитетот и Факултетот. Заинтересираните субјекти потребните документи треба да ги праќаат по пошта, на следната адреса на Факултетот за безбедност: „1“ Колонија – Идризово бр. 2А, П. Фах 103 1000 Скопје, со назнака за Јавен повик за вклучување надворешни учесници за потребите на проектот VECTOR – Алатка за виртуелно собирање докази за идентификација и онеспособување неексплодирани убојни средства, или преку Архивата на Факултетот за безбедност – Скопје или електронски на e mail fbs@fb.uklo.edu.mk. За краен рок на доставување на пратените документи се смета доколку документите се пратени по пошта заклучно со последниот ден од важноста на повикот. За изборот на субјектите кои ќе бидат вклучени во проектните активности како надворешни учесници, Факултетот за безбедност ќе формира Комисија, а избраните субјекти ќе бидат писмено известени. Избраните субјекти, правата и обврските кои следуваат од ангажманот, согласно пропозициите на проектот, дополнително ќе ги уредат со склучување договор со носителот/спроведувачот на проектот.

 

11.06.2020, Скопје                                                               Факултет за безбедност – Скопје