Известување-инструкции за онлајн полагање кај проф. Миодраг Лабовиќ

Известување-инструкции за онлајн полагање кај проф. Миодраг Лабовиќ

Почитувани колеги,

 

Со цел да се заштитиме сите во оваа здравствена ситуација од КОВИД 19, а најмногу заради вас кои треба да патувате по автобуси и да чекате во редови за да се дезинфицирате пред да влезете во салата за одржување на испити, одлучив оваа сесија испитите да се одржат он-лајн. Од тие причини, за да се спроведат најобјективно испитите по Криминологија, закажан за 06. 07. 2020 во 16 и 30 часот, Корупција и Организиран криминал, закажан за 07.07. во 16 и 30 и Кривично право, закажан за 09. 07 во 16 и 30 (испитите по Меѓународна безбедност и надворешна политика, Меѓународно кривично право и Филозофија на правото ќе се одржат он-лајн, на 17. 07. 2020 г. во 17 и 30 часот),  благовремено ве известувам задолжително да обезбедите:

 

  1. Два (2) уреда: ( 2 мобилни, или еден компјутер и еден мобилен, или едн комјутер и еден лап топ, или два лап топа, сеедно). Меѓутоа, на двата уреда мора да има стабилна интернет врска, а едниот уред мора да има камера. Ќе ви испратам на вашите е-маили два линка од две апликации на кои ќе се приклучите. Не едниот уред со камера ( на пример, мобилниот тел.), ке ја поставите така камерата да се гледа  екранот на компјутерот ( лап топот или мобилниот,  сеедно), како и бирото или просторот пред Вас и Вие лично да се гледате, односно Вашиот профил од страна.
  2. Ако некој од вас, евентуално, не е доволно дигитално подготвен нека си обезбеди некој што ќе му помогне за да се приклучи како што е опишано погоре. Кој не ќе се приклучи на бараниот начин нема да може да ги задоволи критериумите за полагање испит он лајн. Затоа уште еднаш ќе ве молам, сфатете го ова сериозно, за да нема после непотребни нервози и губење време. Неможноста  да се приклучите соодветно и да ја наместите камерата на начин на кој јасно ви е опишано, ќе значи дека нема да има можност да полагате  објективно испит., така да без расправање ќе бидете исклучени од апликацијата. Затоа навремено обезбедете два електронски уреди, од кои едниот со камера.
  3. Нaвремено проверете и обезбедете начин како камерата од вториот уред ке го фати бараниот поглед од страна и пред време проверете го аголот за да го добиете бараниот поглед. Обезбедете постоље, книги или разни други начини на кои ќе го поставите или потпрете уредот со камера, Камерата е многу битна и мора да се гледа тој страничен поглед , како што ви е опишано погоре. Во спротивно, доколку некој од поканетите студенти не биде претходно идентификуван дека правилно ја поставил камерата, дури и по некоја случајност ако успее да одговара на тестот, таквиот тест ќе биде ништовен. 
  4. Имајте кај себе индекс со слика, или лична карта, за да ја покажате јасно кога ќе ви биде побарано.
  5. Испитот покрај мене и службеното лице Кемал Рушид, ќе го контролираат уште неколку професори, а целиот испит ке биде сниман на платформата ZOOM.
  6. За подобра контрола на камерата ќе бидете поделени во неколку соодветни групи. Студентите од Криминологија и Кривично право ќе бидат поделени на четири групи. Тестот ќе трае 30 минути, но заради неможност од технички причини да знаеме кога точно ќе заврши секоја група , сите студенти бидете во приправна состојба од почетокот на испитот во наредните 2-3 саати за да се приклучите на линковите што ќе ви ги испратам на вашиот е-маил. По испратената е маил од моја страна, оној/онаа студент/ка кој/која нема да се прилкучи на линкот во рок од неколку минути, приклучувањето потоа ќе биде невозможно од објективни причини.
  7. Најпрво ќе ви испратам линк на ZOOM за да се приклучите на камерите, и откако ке бидете идентификувани и проверени дека сте правилно приклучени на камерите, ќе ви испратам линк за тестот, а потоа ќе ви бидат соопштени посебни пасворди за тие што полагаат цел испит и за тие што полагаат прв колоквиум.
  8. Платформата за тестот е таква што не дава можност за copy-paste и отварање на други прозори, Секој таков обид го сигнализира. Дозволена ви е една ненамерма грешка. На втората грешка , автоматски системот ве исклучува.
  9. Микрофонот од едниот уред, каде што ќе имате пуштено камера, мора да ви биде нон-стоп вклучен. Другиот микрофон, на другиот уред, ќе ви биде исклучен, за да не се ствара фонија. Ако некој го исклучи првиот микрофон, веднаш тоа се регистрира кај хостот (претседавачот, контролорот) на испитот.
  10. Во собата каде ке го полагате испитот за време на испитот, т.е. откога ќе ви пуштам линк за тестот, не смее да има никој, Секое забележување на гласови или слика на напокането лице на испитот, без оглед на вашите изговори дали некој оправдано или неоправдано влегол, ќе значи завршување на испитот за тој/таа кандиодат/ка/.
  11. Претходно добро наполнете ги батериите на двата уреда. Изговорите во стилот: “ми се испразни батеријата, или немам интернет, или неисправен ми е уредот“, нема да бидат прифатени, во услови кога сте благовремено известени. Затоа имате доволно време да ги обезбедите сите неопходни средства и услови за одржување он-лајн испит. Верувам дека во денешно време секој студент има дома барем два мобилни телефона со интернет. Ако немате самите такви уреди или услови, тогаш позајмете или обезбедете од некои роднини или пријатели. За жал, он-лајн полагањето испити неопходно ги бара задоволувањето на овие минимални услови, така што било кои други изговори нема да се толерираат и за тие што нема да ги исплнат бараните услови ќе заврши испитот.
  12. Доколку не се ваши електронските уреди, или сте на туѓа Wi-Fi адреса, навремено наместете ги уредите на вашата е-маил адреса за да веднаш ги забележите паратените линкови од моја страна и веднаш се приклучите.
  13. За секоја група ќе испратам најпрво ZOOM платформа за камерата, која е со ограничен рок од 40 минути, а потоа  линк и шифри за тестовите. Имајте предвид дека за припрема пред тестот имаме максимум 10 минути. Кој не е подготвен (несоодветно поставена камера на вториот уред , според погоре опшанаиот начин), дали намерно или ненамерно, после сите овие исцпрпно дадени инструкции, за него/неа испитот завршува, а ние продолжуваме понатаму, бидејќи не чекаат четири групи студенти и не можеме да се убедуваме цела вечер.
  14. Прашањата на тестот ќе бидат така структуирани што 8 прашања, кои носат по 5 поени ќе бидат со заокружување. Во овие прашања може да има еден или повеќе точни одговори, а може да нема ниту еден точен одговор, за што, се разбира, ќе имате таква опција за штиклирање. Четири (4) прашања ќе бидат есејски и тие ќе носат од 0 до 10 поени. Одговорите треба да бидат кратки , по неколку реченици, прецизни и јасни, со што ќе се истакне суштинта на бараниот одговор. Заради овие и други технички причини он-лајн испитите се пократки од обично. Вака структуирарниот тест е доволно да се одговорои за 30 минути, се разбира, за тие студенти кои учеле.
  15. Вчера испративме пробен е –маил за да видиме дали сите студенти го добиле маилот на кој што ќе ви бидат пратени линковите. Со оглед на тоа што автоматски добив известување дека некои маилови не постојат, ќе ве молам уште во текот на денешниот ден креирајте нови, исправни е-маилови и испратете ги по месинџер на координаторите за Криминологија – Христина Митаноска или Игор Србиновски  и координаторката за Корупција и Организиран криминал – Анабела Тасевска, да ги вметне и вашите е-маилови како би можеле да полагате испит.

 

Почитувани колеги,

Ви посакувам многу  успех

Довидување