Известување и материјал за предметната програма по Управно право

Известување и материјал за предметната програма по Управно право

Почитувани студенти,

Во услови кога поради состојбата во државата поврзана со корона вирусот не можеме да бидеме во директен контакт сакам уште еднаш да Ве известам за основните работи поврзани со предметната програма по Управно право, за кои бевте известени на предавањата на почетокот на семестарот, а пред неколку дена и електронски контактиравме со претставникот на групата за предавања.

Материјалот за првиот колоквиум завршува со осмата глава – “Одговорност на управата” од учебникот “Управно право” од авторите Искра Аќимовска Малетиќ и Предраг Димитријевиќ, издадена на Факултетот за безбедност – Скопје 2015 година.

За консултации стојам на располагање на меилот: iskra.maletic@fb.uklo.edu.mk, кои ќе се организираат електронски по испратен меил за нивна потреба.

Во насока на препораките од државните институции вклучително и на Факултетот за безбедност Ве повикувам да ги почитувате истите заради заштита на Вашето здравје и здравјето на другите.

Останете во добро здравје и ќе бидеме во контакт

Проф. д-р Искра Аќимовска Малетиќ