Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност дека СЕПТЕМВРИСКАТА испитна сесија ќе биде во две декади. Првата декада е од 02.09.2019 до 11.09.2019 а втората декада е од 12.09.2019 до 24.09.2019 година. Студентот ќе си одбере во која декада ќе полага и на пријавата (кај бројот на индекс позади на пријавата) ќе ја запише декадата која ќе ја одбере.
Пријавувањето на испитите е во периодот од 19.08. до 23.08.2019 година.
При пријавувањето на испитите студентот задолжително да достави на увид индекс, а во пријавата да го запише семестaрот кој го има евидентирано во академската 2018/19 година.
НАПОМЕНА: Испитите задолжително да се пријават и преку I know системот, а пријавите да ги достават во Службата за студентски прашања. На пријавата задолжително да го впишат и бројот од електронската пријава.
РАСПОРЕД ЗА СЕПТЕМВРИСКА СЕСИЈА
ПРОДЕКАН ЗА НАСТАВА
проф. д-р Наташа Пеливанова