Инструкции и поделба по групи за полагање на предметот „Справување со конфликти“

Инструкции и поделба по групи за полагање на предметот „Справување со конфликти“

Почитувани студенти,

во прилог се инструкциите за полагање на предметот „Справување со конфликти“, закажан за 22.7.2020 година. Испитот се полага во три термини, зависно дали полагате прв колоквиум или цел испит.

Десет минути пред закажаниот термин треба да се приклучите од Google meet (онлајн) платформата, преку следниот линк:

За студентите од СП Криминалистика кои полагаат прв колоквиум (10ч) –  https://meet.google.com/gjc-hgim-xzx

За студентите од СП Безбедност и СП БЕИ кои полагаат прв колоквиум (11ч) – https://meet.google.com/czk-rkmm-vmv

За студентите од сите студиски програми кои полагаат цел испит (12ч) – https://meet.google.com/evz-mcfn-wir

Секој студент(ка) полага индивидуално и за цело времетраење на испитот треба да има:

  • компјутер на кој ќе биде отворен маилот и на кој го полага испитот и
  • средство со камера (компјутер/мобилен телефон) со кое преку Google meet платформата ќе обезбеди визуелизација на лицето кое полага и екранот на компјутерот.

Со вас треба да имате индекс или студентска легитимација.

Со почит,

Вон. проф. д-р Раде Рајковчевски