Информирање на студентите на II и III циклус за анкетирање

Информирање на студентите на II и III циклус за анкетирање

Почитувани студенти на втор и трет циклус,

Отворена е анкетна сесија за оценување на студиските програми на коишто студирате и наставно-образовната дејност на наставниците и соработниците.

Ве молиме да ги пополните анкетните листови што ќе ви се појават при најава на вашите профили во iKnow системот, најдоцна до 15 септември, 2020. Вашето мислење за работата на единицата на којашто студирате е од посебно значење за забележување и детектирање на недостатоците, но и предностите на студиите од втор, односно трет циклус и се зема во предвид при
донесувањето одлуки за унапредување на квалитетот на работа и подобрување на условите за студирање, како на ниво на единица, така и на Универзитетско ниво.

Ви благодариме за одвоеното време!