ФЕВРУАРСКАТА испитна сесија

ФЕВРУАРСКАТА испитна сесија

Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност (додипломски и прв циклус на студии), дека ФЕВРУАРСКАТА испитна сесија која ќе биде во периодот од 25.01.2021 до 13.02.2021 година.

              Пријавувањето на испитите ќе биде електронски во периодот од 11.01.2021 до 15.01.2021 година преку IKNOW системот.

    За оние студенти кои не се по IKNOW системот, испитите ќе ги пријават во истиот период на следнata mail адреса: studentski@fb.uklo.edu.mk.

Испитните пријави секој од студентите е должен да ги достави на денот на испитот кај предметниот наставник, додека оние студенти кои ќе ги полагаат испитите online пријавите за испитите ќе ги достават во Одделението за студентски прашања најдоцна до 29.01.2021 година.

Доколку студентот испитот го полага по прв пат да достави испитна пријава, доколку испитот го полага по втор, трет или повеќе пати да достави и уплатница од 300 денари за полагање на испит. Уплатата да се изврши на следната жиро сметка:

  • трезорска сметка бр. 100000000063095, сметка на буџетски корисник 160016125578810 приходна шифра 723013, програма 42,  депонент НБРСМ,– Факултет за безбедност – Скопје, со цел на дознака ,,полагање на испит по втор, трет или повеќе пати“.

РАСПОРЕД ЗА ФЕВРУАРСКА СЕСИЈА