Се известуваат редовните и вонредните студенти на Факултетот за безбедност (додипломски и прв циклус на студии), дека со Одлука на ННС, одобрена е АПРИЛСКА испитна сесија која ќе биде во периодот од 19.04. до 17.05.2021 година.

Пријавувањето на испитите ќе биде електронски во периодот од 05.04. до 09.04.2021 година преку IKNOW системот.
За оние студенти кои не се по IKNOW системот, испитите ќе ги пријават во истиот период на следнata mail адреса: studentski@fb.uklo.edu.mk.

Студентите кои ќе пријавуваат испити за априлската испитна сесија преку IKNOW системот, уплатата за испитите (слика од уплатницата) да ја испратат на mail адреса: studentski@fb.uklo.edu.mk, доколку студентот го пријави испитот електронски а не испрати слика од уплатата нема да може да го полага испитот.

Студентите во априлскиот испитен рок можат да полагаат само презапишани предмети од парните семестри и запишани (и презапишани) предмети од непарните семестри, со уплата на надомест во износ од 1.000,00 денари по предметна програма (испит).

Испитните пријави секој од студентите е должен да ги достави на во Одделението за студентски прашања најдоцна до 16.04.2021 година.

ПРОДЕКАН ЗА НАСТАВА
Проф. д-р Наташа Пеливанова

Корегиран распоред за испитна сесија