Криминологија и криминална политика
Оправданост за воведување на студиската програма
Потреба за развој на криминолошката и кривичноправната научна област. Криминолошката и кривичноправната научна област во Република Македонија, покрај преку научноистражувачката дејност, треба да се развива и преку наставно-едукативната дејност, односно преку зголемување на бројот на професионалниот академски кадар во областа на криминологијата и криминалната политика.
Покрај тоа, поврзаноста помеѓу стекнатите знаења на дипломираните социолози, психолози, медиумски работници, педагози, дипломирани академци од областа на родовите и културолошките студии, од една страна и студиите по Криминологија и криминална политика на вториот циклус на студии, од друга страна, претставува одличен спој за подлабоко разбирање на криминалот и за негово проучување и објаснување од различни аспекти и пристапи. Криминалот е секојдневна општествена појава, и стекнувањето дополнителни знаења за негово разбирање и проучување во корелација со знаењата од другите области им овозможува на студентите подобро да го разберат и истражат тој феномен. Тоа значи, дека оваа студиска програма е подеднакво интересна и атрактивна, како за студентите кои веќе ги изучувале криминолошките, кривичноправните и криминалистичките науки, така и за студентите од другите научни области (социологија, психологија, антропологија, новинарство, родови студии, безбедносни науки и слично).
Потреба за стручен и професионален кадар од областа на криминологијата и криминалната политика. Напредното изучување на криминалитетот, кривичната правда, општествената реакција на криминалот, како и прочувањето на одредени сериозни облици на криминал и на неговата контрола, овозможува студентите да се стекнат со специфична и посебна експертиза и стручност. Всушност, во Република Македонија постои потреба од стручен и професионален кадар кој ќе се вклучи во важни општествени и политички дебати за прашања поврзани со причините и контролата на криминалот, со полициските стратегии и со поврзаноста помеѓу контролата на криминалот и почитувањето на основните човекови слободи и права. Затоа, предложената студиска програма е соодветна и наменета и за криминалисти, експерти од областа на безбедносните науки, граѓански активист(к)и, медиумски работници, но и за социолози, психолози, правници, кои поблиску се занимаваат со прашањата за криминалот, сторителот, жртвата и за борбата против него. Со завршување на студиската програма, студентите ќе се стекнат со дополнителни знаења, вештини и способности да ги разберат, анализираат и оценат новите и современи предизвици на криминалот, на неговата контрола и на поврзаноста со загрозувањата на човековите слободи и права.