Вонреден професор д-р Татјана Гергинова

Вонреден професор д-р Татјана Гергинова

Доц. д-р Татјана Гергинова е родена на 06.10.1967 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. 
На Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, се запишала во 1986 година, и дипломирала 1991 година, со просечен успех од 9,13 и била наградена како еден од трите најдобро дипломирани студенти во генерацијата. Во Институтот за педагошка доквалификација при Филозофскиот факултет – Скопје, ги положила испитите за педагошка доквалификација со просек 10. 
На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ги завршила последипломските студии по Европски студии за интеграција и комуникации, и на 15.04.2005 година го одбранила магистерскиот труд со наслов “Имплементацијата на Рамковниот договор како еден од условите за интеграција на Република Македонија во Европската унија”, и се стекнала со научен степен магистер по европски студии за интеграција и комуникации. 
На 11.06.2012 година успешно ја одбранила докторската дисертација со наслов “Полицијата и заштитата на човековите права во Безбедносниот систем на Република Македонија” – одбранет на Правниот факултет – “Јустинијан први” – Скопје, со што се стекнала со научен степен доктор на правни науки. 
Во периодот од 1992 година до 1994 година работела во Основно јавно обвинителство-Скопје и Основен суд Скопје 1 – Скопје. Во 1996 година се вработува во тогашниот Центар за образование на кадри за областа на безбедноста како наставник. Одржувала настава со учениците од средното полициско училиште и слушателите на курсеви, настава по предметите: Вовед во држава и право; Уставно уредување и Кривична постапка. Со основањето на Полициската академија, 2003 година, именуваната преминува на работа во новооснованата институција и работи како наставник-инструктор во реализација на содржините од правно-криминалистичката област. Во периодот од 2001 – 2003 година, д-р Татјана Гергинова работи како Национален инструктор во тимска работа со ОБСЕ за образование на полициски кадри во Областа на безбедноста, согласно Рамковниот договор, како и во реализација на курсевите за освежување на знаење, подготовка на слушатели полицајци за полагање на државен испит. Работно искуство и како член на работна група составена од национални инструктори и инструктори од ОБСЕ за евалуација на наставните содржини утврдени со наставната програма во ЦОКОБ и ОБСЕ. Во периодот на 2004 и 2005 година, кандидатката работи како Наставник – инструктор на наставните содржини од правно – криминалистичката област опфатена со наставната програма на курсот за основна обука за гранична полиција и основна обука за инспектори (млади офицери). 
За соработник во соработничко звање асистент по прв пат е избрана со Одлука на Наставно-научниот совет на Полициската академија на седницата од 27.09.2006 година (Одлука бр. 41-0701/64 од 09.10.2006 година), од кога и поминува на работа на работното место соработник, една година на предметот “Вовед во полициски науки”, а следните шест години на Студиската програма “Криминалист “на предметите: 
– “Основи на безбедност и безбедносен систем на Република Македонија” и 
– “Тактика на работа на разузнавачката служба и службата за безбедност и контраразузнавање”. 
И на Студиска Програма “Безбедност и финансиска контрола” 
– “Основи на безбедност и безбедносен систем на Република Македонија” и 
– Во еден семестар работи како соработник на предметот “Меѓународен тероризам” 
Со Одлука на Наставно-научниот совет на Факултетот за безбедност – Скопје, бр. 0701/284 од 08.10. 2012 година, д-р Татјана Гергинова се избира во наставно-научно звање ДОЦЕНТ на научната област Друго – Безбедност во приватен сектор (51610) за предметот “Тактика и техника за обезбедување. Д-р Татјана Гергинова има богато педагошко и воспитно образовно искуство од 1996 година до денес како со слушатели – студенти така и со ученици во средното полициско училиште како и учествувала во реализација на курсеви за основна обука за полициски службеници, курсеви за основна обука за гранична полиција и основна обука за инспектори (млади офицери). Има полагано педагошка доквалификација во Институтот за педагошка доквалификација при Филозофскиот факултет – Скопје, каде предметите Психологија, Методика и педагогија ги има положено со оценка 10. Покрај магистерскиот труд и докторската дисертација има објавено повеќе научни и стручни трудови, а воедно како предавач / презентер или учесник има присуствувано на бројни настани (конференции, семинари, обуки, работилници и сл.) од областа на безбедноста, безбедносна политика и стратегија, полициските овластувања, заштитата на човековите права и слободи и сл. Покрај активностите непосредно поврзани со организација на работата на предметните програми на кои е ангажирана, д-р Татјана Гергинова на Факултетот за безбедност учествувала и во други ангажмани, меѓу кои: 
– Секретар на Катедрата за безбедносни науки – прв циклус универзитетски студии, од 2007 – 2012 година година и сеуште ја извршува оваа функција. 
– Координатор за ЕКСТ на Катедрата за безбедносни науки – прв циклус универзитетски студии од 2007 година па наваму. 
– Член на Работната група за Студиската програма “Безбедност и финансиска контрола” – прв циклус универзитетски студии од 2007 – 2010 година. 
– Секретар на Уредувачки одбор на Годишникот на Факултетот за безбедност – Скопје за 2010 година. 
– Член на Наставно-научен совет – 15 септември 2009 до март 2012 година, и од 04.10. 2012 година па наваму.

Превземи CV…

1. Безбедносна стратегија на Република Македонија, објавен во Годишникот на Факултетот за безбедност – Скопје за 2010 година.
2. Реформи на безбедносниот сектор во Република Македонија, објавен во зборникот на трудови на Факултетот за безбедност – Скопје, кој одржа научно-стручна конференција на тема “Безбедноста, еколошката безбедност и предизвиците на Република Македонија” (Охрид 17 – 18.09.2010 година).
3. Стратегија на делување на полицијата во сузбивањето на современите облици на организираниот криминал, објавен во зборникот на трудови на Криминалистичко-полициската академија во Белград, кој во соработка со Ханс Зајдел фондацијата одржа меѓународна-научна конференција на тема “Сузбивање на криминалот во рамките на меѓународната полициска соработка” (ТАРА 28-30.06.2011 година).
4. Превентивно делување на полицијата во сузбивањето на современиот организиран криминал, објавен во Годишникот на Факултетот за безбедност – Скопје за 2011 година.
5. Police strategy in preventive eradication of modern organized crime, објавен во зборникот на трудови на меѓународната научно-стручна конференција реализирана во Република Српска од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за полициско образование и Високата школа за внатрешни работи која во соработка со Ханс Зајдел фондацијата одржа меѓународна-научна конференција на тема “Сузбиваjање криминала и европске интеграције, с освртом на високотехнолошки криминал” (Лакташи, 28-30 март 2012 година).
6. Law protection of human rights from police officers, објавен во зборникот на трудови на Факултетот за безбедност – Скопје, кој одржа меѓународна научна конференција на тема “Безбедноста и евроатланските перспективи на Балканот” – полициските науки и полициската професија (состојби и перспективи) во Охрид на 25-26 мај 2012 година.
7. ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА – “Полицијата и заштитата на човековите права во Безбедносниот систем на Република Македонија” одбранет на Правниот факултет – “Јустинијан први” – Скопје во јуни, 2012 година.
8. Legal protection of human rights with reference to the work of police, објавен во зборникот на трудови на Криминалистичко-полициската академија во Белград, кој во соработка со Ханс Зајдел фондацијата меѓународен научен собир со наслов “Полицијата и човековите права во Република Српска” (ТАРА 19-21 јуни 2012 година).
9. “INSTITUTIONAL PROTECTION OF HUMAN RIGHTS IN CASES OF OVERSTEPPING THE AUTHORITIES BY POLICE” – труд со кој ичествував на третата годишна конференција на Виктимолошкото друштво на Србија “Жртве и савремени друштвени контекст: теорија, пракса и активизам” – Београд, 22. и 23.11.2012 година.
10. Legal protection of human rights with reference to the work of police, објавен во зборникот на трудови “Култура људских права у 21. веку” (The Culture of Polis): издавачи: Култура – Полис Нови Сад и Криминалистичко-полицијска академија – Белград, посебно издање 2, год. IX (2012).
11. The role of intelligence in achiving national security (Улогата на разузнавачката служба во остварувањето на националната безбедност) објавен во Годишникот на Факултетот за безбедност – Скопје за 2012 година.
12. Scientific and theoretical determination of concepts intelligence services and intelligence activity (Научно и теоретско одредување на поимите разузнавачка дејност и разузнавачка служба) – Објавен во Научното списание “Хоризонти” на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола за 2012 година.
13. “Preventive action of the state authorities to prevent violence among children and youth” (Превентивно делување на државните органи во спречување на насилство меѓу деца и млади), труд со кој учествував на меѓународна научно-стручна конференција организирана од страна на Република Српска – Министарство унутрашњих послова, Управа за полицијско образовање, Висока школа унутрашњих послова у сарадњи са ХАНС ЗАЈДЕЛ ФОНДАЦИЈОМ во Лакташи – 27-29.03.2013 година.
14. Kazneno-pravni odgovor organizovanog kriminala u Republici Makedoniji (Criminal legal response of organized crime in Republic of Macedonia); труд со кој учествував на Меѓународно-научна конференција „Suprotstavljanje organizovanom kriminalu – pravni okvir, meʥunarodni standardi i procedure”, Tara, 27-29 маj 2013 година.
Тактика и техника на обезбедување
Глобална безбедност
Посебни системи на обезбедување
Корпоративна безбедност
Телефон: +389 2 2546-211 л. 101
Факс: +389 2 2546-211
Е-пошта:     tanjagerginova@gmail.com
Blog Attachment