Вонреден професор д-р Катерина Крстевска Савовска

Вонреден професор д-р Катерина Крстевска Савовска

Вон. проф. д-р Катерина Крстевска е родена на 13.07.1978 во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Во 2001 дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, со што стекнала право на стручен назив дипломиран правник. На последипломските студии по казнено право и криминологија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје ги положила сите испити со просечна оценка 9,67, а на 21.12.2007 успешно го одбранила магистерскиот труд на тема „Правните граници на полициските овластувања во функција на заштита на човековите права и слободи“, со што се стекнала со научен степен магистер на правни науки од областа на казненото право. На 14.09.2011 успешно ја одбранила докторската дисертација на тема „Улогата на Европскиот комитет за превенција од тортура во заштитата на правата на лицата задржани од полицијата“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, со што се стекнала со научен степен доктор на правни науки.

Вон. проф. д-р Крстевска во периодот од 01.07.2002 до 24.07.2003 работела во Министерството за внатрешни работи (Сектор Национално Централно Биро ИНТЕРПОЛ – Скопје), а во периодот од 25.07.2003 до 30.09.2005 во Министерството за финансии (Одделение Кабинет на министерот за финансии во рамките на Секторот за работи непосредно сврзани со министерот).

Што се однесува до наставно-образовната дејност, Наставно-научниот совет на Полициската академија – Скопје (сегашен Факултет за безбедност – Скопје, ФБ) на 25.07.2005 ја избра за помлад асистент по предметната програма „Кривично право“, на 01.07.2008 ја избра за асистент, а на 21.04.2011 ја избра – преизбра за асистент на научната област Казнено право. Покрај изборот за соработник по оваа предметна програма, започнувајќи од академската 2006/2007 година била ангажирана и како соработник по предметната програма „Кривично процесно право“. Понатаму, Наставно-научниот совет ја избра за наставник на научната област Казнено право во наставно-научно звање доцент (26.01.2012), односно вонреден професор (02.09.2016).

Вон. проф. д-р Крстевска активно е вклучена во изведувањето на наставата по предметната програма „Кривично процесно право“ според Единствениот кредит трансфер систем (ЕКТС) на прв циклус студии на студиската програма „Криминалистика“, студиската програма „Безбедност“, студиската програма „Криминологија и криминална политика“ и на заедничката студиска програма „Безбедност и финансиска контрола“ со Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Понатаму, таа е прв член на предметната комисија за реализација на наставата по предметната програма „Сузбивање на современите форми на криминалитет – процесно правни аспекти“ според ЕКТС на студиската програма „Криминалистика“ на втор циклус студии; втор член на предметната комисија за реализација на наставата по предметната програма „Меѓународно кривично право и сузбивање на современите форми на криминал“ според ЕКТС на студиската програма „Меѓународна безбедност“ на втор циклус студии; и втор член на предметната комисија за реализација на наставата по предметната програма „Кривично право – материјални и кривично процесни аспекти“ според ЕКТС на студиската програма „Форензички науки“ на втор циклус студии.

Исто така, вон. проф. д-р Крстевска вклучена е во голем број на активности во рамките на ФБ, како што се: Секретар на Катедрата за кривично правни и криминолошки науки (ККПКН) (декември 2005 – септември 2016); Координатор на ККПКН за Единствениот кредит трансфер систем (декември 2005 – септември 2016); Член на Наставно-научниот совет; Член на Наставничкиот совет на втор циклус студии; Член на Уредувачкиот одбор за издавање на Меѓународна научна публикација „Годишник на Факултетот за безбедност – Скопје“ за 2013 и 2014; Член на Издавачкиот совет (ноември 2008 – ноември 2010; од ноември 2012); Член на Комисијата за прием на студенти на прв циклус студии за учебната 2013/2014 година; Посредник кој посредува меѓу страните со цел за решавање на спорниот однос согласно Законот за заштита од вознемирување на работно место; Член на Работната група за изработка на Предлог – Одлука за класификација на научни подрачја, полиња и области (дисциплини) на истражување и припадноста на наставните дисциплини на научни области; Ментор и член во Комисии за одбрана на дипломски трудови; Член во Комисии за подобност на тема за изработка на магистерски трудови; Член во Комисии за оценка на магистерски трудови; Рецензент на трудови (Меѓународно научно списание на УКЛО „Хоризонти“; Меѓународна научна публикација „Годишник на Факултетот за безбедност – Скопје“; Меѓународна конференција на ФБ); Службено лице за посредување со информации при остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располага ФБ како имател на информации; Заменик-член на Комисијата за прием на студенти на прв циклус студии за учебната 2014/2015 година; и сл.

Во однос на трудовите (покрај магистерскиот труд и докторската дисертација), вон. проф. д-р Крстевска како автор или ко-автор објавила голем број научни и стручни трудови во научни и во стручни списанија, како и во други публикации кои се од значење за развојот на науката и струката. Исто така, како предавач / презентер / модератор, или учесник, имала активна улога на бројни настани (конференции, семинари, тркалезни маси, работилници…) од казнено-правната област, полициските овластувања, човековите права и слободи, и сл.

Како останати значајни активности на вон. проф. д-р Крстевска во рамките на научно-истражувачката дејност, стручно-апликативната дејност и дејности од поширок интерес, може да се истакнат следниве: Член на Работната група на Министерството за правда на РМ за изготување на Законот за кривичната постапка во делот на претходната постапка (2008-2010); Член на повеќе работни групи во рамките на Проектот „Казнено-правната реформа и почитувањето на човековите права во Република Македонија“ на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (2008-2010); Член на Македонскиот истражувачки тим на Меѓународниот ФП7 проект финансиран од Европската комисија „КОМПОЗИТ: Компаративни полициски студии во ЕУ“ („COMPOSITE: Comparative Police Studies in the EU“) (2010-2014); Член на Тимот на национални обучувачи (национални консултанти  / експерти) во 1-та фаза „Обука за обучувачи“ во рамките на Проектот „Зајакнување на управувањето со човечките ресурси и развојната структура на Министерството за внатрешни работи – Зајакнување на капацитетот на Министерството за внатрешни работи при имплементацијата на новиот Закон за кривичната постапка“, спроведуван од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи на РМ и Одделот за развој на Полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје (OSCE-Skopje) (ноември 2011 – декември 2013); Член на Организациониот комитет на 3-та Меѓународна конференција за борба против трговијата со дрога „Нарко-криминалните организации, состојбата во Европа со специјален фокус на Балканот“, организирана од Министерството за внатрешни работи на РМ и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (DCAF) (16.-18.10.2012); Член на Соработничкиот тим во Научниот проект „Положба на осудените лица во пенитенцијарните установи на Република Македонија“, спроведуван од ФБ (од септември 2012); Член на Управниот комитет за имплементација на Твининг проектот „Поддршка за реформа на Полицијата и Кривичното право“ – ИПА 2009, спроведуван од Министерството за внатрешни работи на РМ, а финансиран од ЕУ (ноември 2012 – декември 2013); Член на Истражувачкиот тим на Научниот проект „Истражување на јавното мислење за корупцијата во Република Македонија“, спроведуван од ФБ (од ноември 2012); Член на Организациониот одбор на Mеѓународната научна конференција „Родовата рамноправност и родовата перспектива во одбраната и во безбедноста“, организирана од Министерството за одбрана на РМ, а во соработка со ФБ и Филозофскиот факултет – Скопје (од декември 2012); Член на Истражувачкиот тим на Научниот проект „Имплементирање на практиката на Европскиот суд за човекови права во Република Македонија: Стразбур дома или Македонија пред Стразбур“, спроведуван од ФБ (од февруари 2013); Член на Работната група на Министерството за правда на РМ за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/2010 и 51/2011) (од јули 2013); Член на Тимот на национални обучувачи (национални консултанти  / експерти) во 2-та фаза „Обука за обучувачи“ во рамките на Проектот „Зајакнување на управувањето со човечките ресурси и развојната структура на Министерството за внатрешни работи – Зајакнување на капацитетот на Министерството за внатрешни работи при имплементацијата на новиот Закон за кривичната постапка“, спроведуван од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи на РМ и Одделот за развој на Полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје (OSCE-Skopje) (март 2014 – јули 2014); Предавач вклучен во рамките на Листата на предавачи за изготвување на бази на прашања и бази на студии на случај за правосудниот испит (за подготвување на прашања и студии на случаи од областа на Кривичното право), утврдена од страна на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ „Павел Шатев“ (од мај 2014); Член на Организациониот одбор на Тркалезната маса по повод Јавната расправа за Нацрт – Амандманите за изменување на Уставот на Република Македонија, предложени од страна на Владата на Република Македонија, организирана од ФБ (од август 2014); Член на Организациониот одбор на Меѓународната научна конференција „Криминалистичкото образование, состојби и перспективи – 20 години од смртта на проф. д-р Владимир Водинелиќ“, организирана од ФБ, а во соработка со Факултетот за детективи и безбедност при ФОН Универзитетот – Скопје (од август 2014); Предавач вклучен во рамките на Листата на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ „Павел Шатев“, утврдена од страна на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ „Павел Шатев“ (од септември 2014); Член на Организациониот одбор на Научно-стручната расправа „Граѓаните на Република Македонија за корупцијата“, организирана од ФБ (од мај 2016); Член на Организациониот одбор на Меѓународната конференција „Свети Климентовите пораки за етиката, моралот и вредностите“, организирана од ФБ (од мај 2015); и сл.



Превземи CV…

1. Труд: „Законито вршење на полициските овластувања – предуслов за поголемо почитување и заштита на човековите права и основни слободи во Република Македонија“, Годишник на Полициската академија – Скопје за 2007 година, Скопје, 2007.
2 Магистерски труд: „Правните граници на полициските овластувања во функција на заштита на човековите права и слободи“, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Скопје, 2007.
3. Извештај: „Годишен извештај на Проектот за поддршка на човековите права (01.11.2006-31.10.2007): Полицијата и човековите права“, Скопје, 2008, ко-автор.
4. Труд: „Европскиот комитет за превенција од тортура „против“ Република Македонија“, Годишник на Полициската академија – Скопје за 2008 година, Скопје, 2008.
5. Истражување: „Преуредување на претходната постапка во Република Македонија“, во рамките на Проектот „Казнено-правната реформа и почитувањето на човековите права во Република Македонија“, Македонска ревија за казнено право и криминологија, год. 15, бр. 2-3, Скопје, 2008, ко-автор.
6. Труд: „Narodni pravobranilac Republike Makedonije kao zaštitnik ljudskih prava i sloboda – Posebni pogled na njegovu “borbu” protiv nezakonitog policijskog postupanja“, Pravni život – časopis za pravnu teoriju i praksu, tematski broj „Pravo i međunarodne integracije, 21 godina Kopaoničke škole prirodnog prava“, Udruženje pravnika Srbije, br. 10, tom II, Beograd, 2008.
7. Труд: „Улогата на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во сузбивањето на незаконитото полициско постапување“, Хоризонти – научно списание на Универзитетот „Св. Климент Охридски – Битола“, год. III, бр. 3, Битола, 2008.
8. Истражување: „Постапување со ранливи групи во полициската станица и проширување на процесните права на жртвата во кривичната постапка“, во рамките на Проектот „Казнено-правната реформа и почитувањето на човековите права во Република Македонија“, Македонска ревија за казнено право и криминологија, год. 16, бр. 1, Скопје, 2009, ко-автор.
9. Труд: „Справување со неказнивоста – стандардите на Европскиот комитет за превенција од тортура и состојбата во Република Македонија“, во рамките на Проектот „Хармонизација на правниот систем на Република Македонија со правото на Европската унија“, Зборник од Научната расправа „Европските стандарди за човековите права и нивната имплементација во правниот систем на Република Македонија“, Книга 4, Скопје, 2009 (Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 18.11.2008).
10. Труд: „Назначување на Народниот правобранител за национален механизам за превенција од тортура и потребата од негова реформа“, во рамките на Проектот „Хармонизација на правниот систем на Република Македонија со правото на Европската унија“, Зборник од Научната расправа „Реформата на институциите и нејзиното значење за развојот на Република Македонија“, Книга 5, Скопје, 2009 (Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 18.12.2008).
11. Труд: „Veštačenje – dokazno sredstvo u radnoj verziji novog makedonskog Zakona o krivičnom postupku“, CD zbornik radova sa Prvog naučnog skupa sa međunarodnim učešćem „Pravo i forenzika u kriminalistici“, Beograd, 2009 (Kriminalističkо-policijskа akademijа – Beograd, Kragujevac, 16.-18.09.2009).
12. Труд: „Мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во кривичната постапка – со посебен осврт на полициските овластувања во работната верзија на новиот Закон за кривичната постапка“, Годишник на Факултетот за безбедност – Скопје за 2009 година, Скопје, 2009.
13. Труд: „Upotreba sredstava prinude prema makedonskoj regulativi“, Pravni život – časopis za pravnu teoriju i praksu, tematski broj “Pravo i vreme, 22 godina Kopaoničke škole prirodnog prava“, Udruženje pravnika Srbije, br. 10, tom II, Beograd, 2009.
14. Труд: „Претресот на лице во македонскиот правен систем и потребата од негово прецизно дефинирање“, Хоризонти – научно списание на Универзитетот „Св. Климент Охридски – Битола“, год. V, бр. 5, Битола, 2009.
15. Труд: „The expertise as a mean of evidence“, NBP – Journal of Criminalistics and Law, No. 2, Year 2009, Academy of Criminalistic and Police Studies – Belgrade, Belgrade, 2009.
16. Труд: „Улогата на бранителот во предистражната постапка“, Годишник на Факултетот за безбедност – Скопје за 2010 година, Скопје, 2010.
17. Труд: „Nacionalni mehanizam za prevenciju torture – Nova uloga makedonskog Narodnog pravobranioca“, Zbornik radova sa Drugog naučnog skupa sa međunarodnim učešćem „Pravo i forenzika u kriminalistici“, Beograd, 2010 (Kriminalističkо-policijskа akademijа – Beograd, Kragujevac, 15.-17.09.2010).
18. Труд: „Правна рамка на кривичните дела против културното наследство“, Зборник на трудови од Тркалезната маса „Заштита на културното наследство во Република Македонија“, Скопје, 2010 (Факултет за безбедност – Скопје, Скопје, 12.11.2010).
19. Труд: „Јавни изјави на Комитетот за превенција од тортура – со посебен осврт на Турција“, Хоризонти – научно списание на Универзитетот „Св. Климент Охридски – Битола“, год. VI, бр. 5, Битола, 2010.
20. Труд: „Reform of the Macedonian Police – introduction of the career system“, Thematic proceedings of the International scientific conference „Archibald Reiss Days“, Volume II, Belgrade, 2011 (Academy of Criminalistic and Police Studies – Belgrade, Belgrade, 03.-04.03.2011).
21. Труд: „Impact of information and communication technology in the contemporary policing in Republic of Macedonia“, Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Безбедноста на Постконфликтниот (Западен) Балкан, транзицијатa и предизвиците на Република Македонија“, Скопје, 2011, ко-автор (Факултет за безбедност – Скопје, Охрид, 27.-28.05.2011).
22. Труд: „Кривични дела против здравјето на луѓето – чл. 215 и 216 од Кривичниот законик на Република Македонија“ – следи објавување (презентиран на Втората меѓународна конференција за борба против трговијата со дрога „Национална стратегија за дроги – Намалување на снабдувањето со дрога“, организирана од Министерството за внатрешни работи на РМ и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (DCAF), Охрид, 15.-17.06.2011).
23. Труд: „Violation of Article 3 of the European Convention for the Protection of Human Rights – four judgments regarding Republic of Macedonia“, Zbornik radova sa Naučno-stručnog skupa sa međunarodnim učešćem „Suzbijanje kriminala u okviru međunarodne policijske saradnje“, Beograd, 2011 (Kriminalističkо-policijskа akademijа – Beograd, Tara, 28.-30.06.2011).
24. Докторска дисертација: „Улогата на Европскиот комитет за превенција од тортура во заштитата на правата на лицата задржани од полицијата“, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Скопје, 2011.
25. Труд: „Кривична пријава“, Хоризонти – меѓународно научно списание на Универзитетот „Св. Климент Охридски – Битола“, год. VII, бр. 7, Битола, 2011.
26. Истражување: „Police Knowledge Sharing Capabilities (WP3.3)“, Research within the Project COMPOSITE, 2011, co-author.
27. Истражување: „ICT Trends in European Policing“, Research within the Project COMPOSITE, Draft of a public deliverable to the European Commission (D4.1 Analysis of technology trends for policing), 2011, co-author.
28. Труд: „The new concept of the Macedonian Law on Criminal Procedure and the need to train the employees of the Ministry of Internal Affairs“, Thematic proceedings of the International scientific conference “Archibald Reiss Days”, Volume II, Belgrade, 2012 (Academy of Criminalistic and Police Studies – Belgrade, Belgrade, 01.-02.03.2012).
29. Труд: „The Special investigative measures in the new Macedonian Law on Criminal Procedure“, Proceedings of the International scientific conference “Crime suppression and European integration, with a reference to the high-tech crime”, Laktaši, 2012, co-author (Ministry of Internal Affairs of Republic of Srpska – Directorate for Police Education, Laktaši, 28.-30.03.2012).
30. Труд: „Поврзаноста на нарко-криминалот и современиот тероризам: концептот на нарко-тероризам“ – следи објавување, ко-автор (презентиран на Третата меѓународна конференција за борба против трговијата со дрога „Нарко-криминалните организации, состојбата во Европа со специјален фокус на Балканот“, организирана од Министерството за внатрешни работи на РМ и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (DCAF), Охрид, 16.-18.10.2012).
31. Труд: „Criminal acts against public traffic safety – with а special focus to the articles related to endangering traffic safety of the Criminal Code of the Republic of Macedonia“, Proceedings of the 8th International conference “Road safety in local community”, Valjevo, 2013, co-author (Academy of Criminalistic and Police Studies – Belgrade, BBN Congress Management, and others, Valjevo, 18.- 20.04.2013).
32. Труд: „Cyber attacks and their real threat to modern world“, Proceedings of the International scientific conference “The Balkans Between Past and Future: Security, Conflict Resolution and Euro-Atlantic Integration”, Volume I, Skopje, 2013, co-author (Faculty of Security – Skopje, Ohrid, 05.-08.06.2013).
33. Истражување: „The role of macro context for the link between technological and organizational change policing opportunities and threats in Europe“, Research within the Project COMPOSITE, Journal of Organizational Change Management (2012 Impact Factor: 0.535), Emerald Group Publishing Limited, 2013, co-author.
34. Истражување: „Policing opportunities and threats in Europe“, Research within the Project COMPOSITE, Journal of Organizational Change Management (2012 Impact Factor: 0.535), Emerald Group Publishing Limited, 2013, co-author.
35. Труд: „Dokazna sredstva u novom Makedonskom Zakonu o krivičnom postupku“, Zbornik radova sa Međunarodno naučno-stručnoj konferenciji „Kriminalistički i krivično procesni aspekti dokaza i dokazivanja“, Sarajevo, 2013, ko-autor (Internacionalna asocijacija kriminalista – Banja Luka, Sarajevo, 10.-11.10.2013).
36. Труд: „Criminal acts against sexual freedom and sexual morality in the Macedonıan Crımınal Code – with a specıal focus to the children as victims“ – to be published, co-author (presented at the 5th International symposium on children at risk and in need of protection “Children and Violence: Children under the Pressure of Social Violence”, organized by the Center for Criminological Research of Turkish National Police Academy, Antalya, 01.-03.11.2013).
37. Труд: „Unlawful deprivation of liberty – with a special focus to the Republic of Macedonia“ – to be published (presented at the International scientific conference “Archibald Reiss Days”, organized by the Academy of Criminalistic and Police Studies – Belgrade, Belgrade, 03.-04.03.2014).
38. Истражувачки извештај: „Мислењето на граѓаните на Република Македонија за корупцијата“, ко-автор, Факултет за безбедност – Скопје, 2014.
39. Труд: „Right to a fair trial – with a special focus to the Case of Papadakis v. Republic of Macedonia“ – to be published (presented at the 4th International Conference on Humanities and Social Sciences – ICHSS 2014, organized by the Mediterranean Center of Social and Educational Research – MCSER and Faculty of Philosophy – Nikšic, University of Montenegro, Budva, 31.05.-01.06.2014).
40. Труд: „Corruption and public administration in Republic of Macedonia“ – to be published, co-author (presented at the International scientific conference “Macedonia and the Balkans, a hundred years after the World War I – Security and Euro-Atlantic integrations”, organized by the Faculty of Security – Skopje, Ohrid, 03.-05.06.2014).

Кривично процесно право
вторник: 11.30 – 13. 00 часот
четврток: 9.30 – 11.00 часот
Телефон: +389 2 2546-211 л. 105
Факс: +389 2 2546-211
Е-пошта:     katerina.krstevska@gmail.com
НасловПредметДата
Резултати од Колоквиум 1 по предметната програма Кривично процесно право на студиската програма „Безбедност“, одржан на 19.11.2019 (вторник)Кривично процесно право22.11.2019
Резултати од Колоквиум 1 по предметната програма Кривично процесно право на студиската програма „Криминалистика“, одржан на 19.11.2019 (вторник)Кривично процесно право22.11.2019
Резултати од Колоквиум 1 по предметната програма Кривично процесно право на студиската програма „Криминологија и криминална политика“, одржан на 19.11.2019 (вторник)Кривично процесно право22.11.2019
Прелиминарна листа за постигнатите резултатиКривично процесно право12.11.2019
Прелиминарна листа за постигнатите резултатиКривично процесно право12.11.2019
Прелиминарна листа за постигнатите резултатиКривично процесно право12.11.2019
Се известуваат вонредните студенти дека наставата по предметната програма Кривично процесно правоКривично процесно право12.11.2019
Колоквиумот 1 по предметната програма Кривично процесно право ќе се одржи на 19.11.2019 (вторник) во следниве два термини:Кривично процесно право11.11.2019
2019-20 – КПП – Материјал – теми за Колоквиумот I и Колоквиумот IIКривично процесно право03.10.2019
2019-20 – КПП – Безбедност – План за реализација на наставатаКривично процесно право03.10.2019
2019-20 – КПП – Криминологија и криминална политика – План за реализација на наставатаКривично процесно право03.10.2019
2019-20 – КПП – Криминалистика – План за реализација на наставатаКривично процесно право03.10.2019
Термин за испит – 2 декадаКривично процесно право03.09.2019
Прелиминарна листаКривично процесно право19.08.2019
ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК -Проф. д-р Катерина Крстевска22.07.2019
РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК -Проф. д-р Катерина Крстевска22.07.2019
Blog Attachment