Вонреден професор д-р Александар Иванов

Вонреден професор д-р Александар Иванов

д-р Александар Иванов е роден на 19.08.1986 година во Скопје. Средното образование го завршува во ДСЕПУ „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје. Во 2005/06 година се запишува на Полициската академија во Скопје, дипломира со просек 9,66 и во 2008 година се стекнува со звање Дипломиран криминалист.

Во учебната 2008/09 година се запишува на последипломските студии на Полициската академија (сегашен Факулет за безбедност). Последипломските студии ги завршува со просек 9,33, а во мај 2011 година магистрира на тема „Инспекциски надзор во заштита на животната средина во Република Македонија – со посебен осврт на Државниот инспекторат за животна средина“ (73 869 зборови) под менторство на вон. проф. д-р Искра Аќимовска – Малетиќ.

На 17.10.2013 г. кандидатот Иванов успешно го одбрани докторскиот труд на тема „Заштитата на животната средина во остварување на безбедноста во Република Македонија – теоретски, нормативни и институционални аспекти“ (112 175 зборови) на Факултетот за безбедност-Скопје и со Одлука од 17.10.2013 година се стекнал со научен степен доктор на науки од областа на безбедноста под менторство на вон. проф. д-р Марина Малиш – Саздовска.

Покрај наставно- образовниот процес д- р Александар Иванов активно бил вкл учен во научно- истражувачкиот процес при што учествувал ка ко истражувач на повеќе дома шни и меѓународни истражувања. Исто така д-р Александар Иванов во текот на неговото стручно и научно усовршување посетувал и активно се вклучувал во повеќе проекти, работилници, учествувал со свое учество и излагање на домашни и меѓународни конференции.

На 31.01.2014 г. Иванов е избран за доцент во полето „Безбедност“, научна област „Друго“ (51 610).

д -р Александар Иванов солидно зборува, чита англиски и српски јазик. Разбира бугарски јазик. Исто така одлично се користи до Microsoft Office, Microsoft Windows (XP, Vista, 7, 8) системот и активно ги употребува статистичкиот софтвер SPSS.


Превземи CV…

Објавени научни и стручни трудови (автор, коавтор) 
 
1. 2008 – Приказ на трудот „Разбојништвата во Република Македонија – криминалистички, криминолошки, кривичноправни и психолошки карактеристики кај разбојништвата во Република Македонија“ од доц. Д-р Марјан Котески 
2. 2009 – Иванов А., „Локалната самоуправа и вршењето на полициските работи во Република Македонија“, Годишник на факултетот за безбедност – Скопје, Скопје 2009 
3. 2010 – Мирчева С., Чачева В., Иванов А., Положбата на децата жртви на сексуланата злоуппотреба во македонскиот казненоправен систем, Годишник на Факултет за безбедност – Скопје, Скопје 2010 
4. 2011 – Иванов, А., Некои разлики во прекршочното право во Македонија, Србија и Хрватска, Македонска ревија за казнено право и криминологија, Скопје 2010. 
5. 2011 – Ivanov, A., Building security throw inspection supervision in Republic of Macedonia, Paper presented on the Internationaln conference “SECURITY IN THE POST-CONFLICT (WESTERN) BALKANS: TRANSITION AND CHALLENGES FACED BY THE REPUBLIC OF MACEDONIA (Security Studies and the Science of Security)”, Faculty of security – Skopje, Ohrid 2011. 
6. 2011 – Ivanov, A., Rajkovchevski, R , The European Arrest Warrant – a legal instrument to counter transnational crime in the EU, International scientific conference “Crime suppression within the framework of international police cooperation” Tara Mountain, Hotel „Omorika”, 28-30 June 2011, Kriminalisticko – Polcicijska akademija – Beograd. 
7. Драгана Батиќ…и други “БЕЗБЕДНОСТ ВО УЧИЛИШТАТА” (Психолошки, криминолошки, криминалситички и правни аспекти на безбедноста во средните училишта во градот Скопје): состојби и препораки, истражувачки извештај, Здружение за безбедносни истражување и едукација, Скопје 2011. 
Меѓународни односи со меѓународна полициска соработка
Меѓународни односи со меѓународна соработка
Еколошка безбедност
Колективни системи за безбедност
Хумана безбедност
Меѓународни односи
Меѓународна заштита на животната средина
Цивилна заштита

вторник: 10.00 – 12.00 часот

среда: 10.00 – 12.00 часот

Телефон: +389 2 2546-211 л. 104 
Факс: +389 2 2546-211 
Е-пошта:     akademec@gmail.com
Blog Attachment